Македонката Ирена за која дозна цела Австралија ќе прави свадба – ја најави со стил

  • By admin
  • септември 1, 2022
  • 0
  • 363 Views

Како што е познатоа далечниот контитент Австралија е дом на многубројни наши исленици. Македонци во Австралија или Австралиски Македонци — едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници.

Податоците од последниот попис од годинава покажуваат дека вкупно 41.786 лица се пријавени како родени во Македонија. Околу 93% од тие луѓе се австралиски државјани, а околу 76% се на возраст од 50 и повеќе години.

Една од Македонките кои последниве години во Австралија се прослави е 33 годишната Ирена Србиновска која победи во шоуто „The Bachelor 2020“ и го освои срцето на Локи Гилберт, кој од сите девојки ја избра токму неа за своја партнерка.

Имено Ирена Србиновска победи во осмата сезона од австралиското реално шоу „The Bachelor“ и со тоа стана втората Македонка која го понела ова признание по Снежана Маркоски која ја однесе победат во 2015 годиниа.

31-годишната девојка која живее во Мелбурн, а потекнува од Битола, го освои срцето на ергенот Локи Гилберт. Од десетината дами кои учествуваа на шоуто, Локи ја избра токму Ирена за своја партнерка.

„Ирена, секојпат кога сум со тебе се чувствувам безбедно и заштитено, а тоа е чудно, бидејќи сум навистина голем маж и тоа е ново чувство за мене.

Знам дека ќе бидеш прекрасна девојка, сопруга и мајка, ти си сè. Кога размислувам за нашата заедничка иднина, толку сум возбуден и едвај чекам да го пропатувам светот со тебе и да ти ги остварам сите соништа. Многу сум вљубен во тебе“ – со овие зборови Локи ѝ ги откри своите чувства на Ирена.

Ирена е медицинска сестра и љубителка на животните. Таа обожава активности во природа и планинарење, па несомнено со Локи имаат бројни заеднички интереси.

Парот веќе ја планира и својата свадбена веселба, нешто што го најави на својот профил на инстаграм самата Ирена која напиша:

„Мислам дека сите сонуваме како ќе изгледа нашата свадба уште од најмала возраст и кога ќе дојде време навистина да ја планираме некако сме преоптоварени.

Имам милион работи да направам и немам идеја од каде да започнам, ќе имам планер на свадбата, но немам избрано фотки како инспирација. Дали и другите се вака под стрес кога станува збор за нивната свадба?“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *