(ФОТО) Ламбе Алабаковски во друштво на познатата српска пејачка: Пренајубо беше

  • By admin
  • јули 9, 2022
  • 0
  • 349 Views

За Ламбе Алабаковски буквално нема застој кога станува збор за настапите летово кои дополнително се зголемија откако излезе на слобода.

За него добро познато е дека е скромен и ненаметлив, каде и да се појави шири позитива и од ден на ден станува се поомилен и побаран од македонската публика.

Ламбе Алабаковски откако реши по пет години живот и работа во Америка да се врати назад фамилијарно во Македонија повторно зачекори на музичката сцена.

Изминатиот период стана доста застапен во јавноста поради потегот со бугарскиот центар „Иван Михаилов“ во Битола поради кој заврши зад решетки.

Но народот се крена на нозе, бараше слобода за него и истата ја доби, па веќе неколку дена е на слобода, но без пасош.

Ова значеше дека Ламбе може да продолжи онаму каде што застана на музички план, а очекувано или не, побарувачката за него е сега многу голема за што сведочат последните информации.

Ламбе веќе имаше низа настапи изминатите денови ширум Македонија, а така ќе биде и во следниот период.

– Работам на доста нови проекти, почнав да настапувам низ Македонија, ќе излезат нови песни а се надевам таму во септември дека и албум ќе излезе, изјави неодамна при едно свое интервју.

Ламбе во текот на вчерашниот ден на својот профил на Инстаграм се огласи со пост со неколку фотографии покрај кој што напиша:

Битола како и секогаш синоќа бевте прекрасни и имаше многу љубов и музика со еден збор пренајубо беше!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *