Како и минатите години, така и летово Охрид, македонската туристичка убавица е полна со туристи. Ги има оние домашните, во најголем број, но и странци.
Охридското крајбрејже кое со сите останати убавини секогаш е добар избор за одмор и уживање од година во година станува се поинтересно и за многу странски туристи.
Секако овде влијааат и ноќниот живот и сите други културно забавни програми кои се уште една привлечност плус за туристите.
Еден од оние кои летово одморот реши да го помине во Охрид е и добро познатиот регионален лик, Србинот Kристијан Голубовиќ. Човек со дебело минато и лик кој постојано е во очите на јавноста.
Голубовиќ заедно со својата девојка Кристина Спалевиќ периодов се наоѓа токму во Македонија, поточно во Охрид.
-Кристина и јас на сите им покажавме колку е голема нашата љубов. Кога излеговме од реалното шоу сите зборуваа дека ни три дена нема да сме заедно, а еве сега речиси една година.Кристина е мојата сродна душа.
Ние во се согласуваме и затоа верувам дека бракот ќе ни преубав. Свршувачката е само формалност бидејќи ние се однесуваме како да сме во брак.
Живееме заедно, интимните односи ни се супер, верувајте ми ништо не би менувал, изјави во една прилија Кристијан, а Кристина тврди дека не ни сонувала дека Голубовиќ ќе влезе во врска:
-Kристијан и ја сме спој на неспоивото, а повторно во се согласуваме. Се случуваат такви работи. Одамна зборувавме дека може да се замислиме во брак и со деца, а сега верувам дека таа ситуација полека се исполнува.
Ретко јавно зборуваме за плановите, но ова се убави случувања, па зошто да не ги споделиме за празниците, вели Кристина.
Кристијан и Кристина на своите профил на Инстаграм споделуваат фотографии и видеа од тоа како си поминуваат во Охрид.
Пред некој ден особено внимание со фотографија привлече Кристијан кој на една бензинска пумпа позираше со еден автомобил кој изгледа доста ретко и притоа напиша: Со овој мој к pш доаѓам во Македонија.