Кристина Арнаудова објасни зошто не става слики од семејството, поточно од сопругот и децата

  • By klaster3
  • август 9, 2022
  • 0
  • 254 Views

Познатата македонска пејачка, музичар, изведувач, продуцент, композитор, текстописец, хуманитарец и филантроп, Кристина Арнаудова често знае да привлече внимание во јавноста.

Како што е познато таа е претседател и основач на здружението „Проект Среќа“, а во изминатиот период имаше и хуманитарна акција со емисија за реновирање на домови, но истата заврши поради немање финансии, поточно спонзори.

Периодов Кристина со својот сопруг и двете деца го минуваат летниот одмор, поточно се на семејно патување на Азурскиот брег во Франција од каде споделува по некој момент.

Но, она што може на профилот на Арнаудова да се забележи е дека скоро никогаш не го објавува своето семејство, туку само нејзе или околината, па таа репи да објасни зошто е тоа така:

„Често ми пишувате зошто не ставам слики од семејството и децата, зошто најчесто им ги кријам лицата и зошто ставам слики само од мене, најчесто..

Има доста причини. Првата е што мојот сопруг никогаш од кгоа сме заедно не бил љубител на јавно експонирање и делење на приватноста со сите.

И тоа го почитувам и разбирам. Тоа што сум јас јавна личност е моја работа, и нема потреба постојано да го постирам, кога знам дека тоа не му е по кеиф…

Исто така сметам дека има граници до каде треба приватноста да се експонира. Но тоа е само мое мислење… А моите деца се деца, но тие се свои, јас не ги поседувам.

Поголемиот уште пред неколку години ме замоли да не ставам слики од него, бидејќи не сакал да се експонира. А малиот ќе одлучи дали сака да се слика и појавува на медуими кога ќе биде доволно возрасен да разбере што се социјални медиуми.

Ми доаѓа и мене понекогаш да ги ставам на стори, ама секогаш гледам да ги почитувам овие правила за кои заеднички одлучивме. И кога понекогаш ми доаѓа да ставам слика, тоа е ретко, умерено, и со некаква порака…

Ете, тоа се причините. Но секако, ова е само мој став, почитувам и тоа родителите да поставуваат слики од своите деца постојано..не е дека само мојот став е исправен. Секој си има свој став и мислење, и сечиво респектирам..“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *