(ФОТО) Индира Кастратовиќ со сопругот замина во Мајами – славеа голем успех на ќерката Сара

  • By admin
  • мај 14, 2022
  • 0
  • 477 Views

Без сомнение Индира Јакуповиќ Кастратовиќ е една од најдобрите македонски ракометарки на сите времиња, а воедно и еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометната игра.

 

Индира започнува да игра ракомет на 15 години во Приедор, каде тогаш живее со своето семејство. Нејзиниот неоспорен талент за ракомет е набрзо забележан, така што на свои 18 години го потпишува својот прв професионален договор играјќи за екипата Халас Јозеф од град Ада, Војводина, по што следуваат екипите Југоинспект од Нови Сад и Вождовац од Белград.

Во 1994 година доаѓа во екипата на Кометал Ѓорче Петров со што започнува една нова страница во животот и професионалната кариера на Кастратовиќ.

Паралелно нижејќи успеси со Кометал, Кастратовиќ започнува да настапува и за македонската женска ракометна репрезентација со која најголемиот успех го постигнува на СП во Германија 1997 година, каде Македонија го освојува одличното 7 место, а таа е прогласена за најдобар стрелец на првенството со постигнат 71 гол.

Врвот на нејзиниот ракометен успех ќе биде освојувањето на титулата во европската Лига на шампиони со Кометал на 19 мај 2002 година.

Тогаш, Кометал издвојуваше победа над унгарски Херц со 26-22 во Скопје, анулирајќи ја негативата од првиот двомеч во Унгарија каде резултатот беше 27-25 во полза на Херц.

Тоа беше најголемиот клупски успех на една македонска екипа, остварување на сонот за Кастратовиќ, Нацева, Будимир, Велкова, Кисељева и останатите ракометарки на Кометал, успех кој силно одекна во ракометна Европа.

Индира Кастратовиќ ја заврши професионалната кариера во 2006 година. Таа е во брак со ракометниот стратег Зоран Кастратовиќ со кого ја има ќерката Сара.

Главната поддршка и енергија во целата приказна на Индира доаѓа од како што таа милува да вели „мој Зоки“, односно Зоран Кастратовиќ, нејзиниот сопруг. Нивната приказна е многу оддамна, заедно со ракометните почетоци на Индира.

Приказната со Зоран почнува во Ада, тој бранеше во машкиот клуб, јас играв во женскиот. Мал град, 80 проценти Унгарци, не го зборував нивниот јазик, ние спортистите дојдени од страна се зближивме. Од пријателство, љубов, потоа продолживме Нови Сад, Белград, и дојдовме воСкопје. Потоа се случи Сара…“, кажа Инди во едно неодамнешно интервју.

„Сара не сака ракомет. Во мојата фамилија пред мене никој не беше спортист, сега зошто мора таа да стане ракометарка, бидејќи мама и тато се ракометари.

Мислам дека можеби кај Сара многу влијаеше и тоа што кога почнуваше да ги учи работите, јас доаѓав дома многу изм орена, многу патував, имав о перации, па лед на нога кога ќе дојдев дома од тренинг… И сите тие слики може малку и да ја оддалечија, а и ние не сакавме да ја фор сираме со ништо.“

Денес Индира и Зоран отпатуваа во Америка каде што во Мајами заеднички со ќерката Сара го прославија нејзиниот успех, односно дипломирањето, за што тато Зоран напиша: Гордост

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.