ФОТО: Зорица Заева со длабок шлиц и со бакнеж од друг маж

  • By klaster3
  • мај 19, 2022
  • 0
  • 362 Views

Поранешниот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица се во брак повеќе од 24 години, се знаеле уште од деца и нивната искрена љубов ја крунисале со брак.

Неговата сопруга Зорица Заева, не дава често интервјуа за медиумите. Пред неколку години таа даде интервју за Фокус во кое што зборуваше на неколку теми.

Таа тогаш рече дека со Зоран се запознале многу одамна, речиси од деца. Тоа познанство прераснало во љубов и во сериозна врска, веќе во далечната 1995 година, при крајот нивното средното образование.

Во тие времиња Зорица Заева не мислела дека еден ден ќе биде сопруга на лидер на партија, а денеска и сопруга на премиер. Тогаш тие биле фокусирани на нивната врска и плановите за завршување на факултет.

– Зоран првично ме привлече со својот изглед, што за секоја тинејџерка во тие години е пресудно. Потоа ме освои со својот карактер. Важеше за мирно и разбрано момче, она што е и денес – раскажа Зорица Заева пред неколку години.

Набргу откако ќе запловат во брачните води ќе се роди нивната ќерка Александра, а по неколку години и синот Душко.

Ќерката во моментов е студен по медицина во соседна Бугарија, поточно Софија, додека синот Душко живее во Струмица и е средношколец, веќе матурант.

Несомнено е дека Зорица Заева важи за одмерена, смирена, вистинска дама која во секој момент се труди да изгледа беспрекорно и да остави добар впечаток.

 

На социјалните мрежи неодамна „исплива“ фотографија на која Зорица изгледа речиси непрепознатливо, во потполно друго издание од она во кое ја гледавме додека сопругот и беше на функција.

Имено, после долгогодишната црна боја на косата, Заева одлучила значително да ја осветли косата со што комплетно си го смени имиџот. Од поновите фотографии може да се забележи и дека Зорица е видно ослабена и подмладена.

Одговорен за нејзиниот младешки изглед е искусниот фризер Драган Гоцев, нејзин долгогодишен стилист од Струмица.

Според објавите на социјалните мрежи, фамилијата Заеви синоќа славеше во чест на матурантот Душко Заев, па неговата мајка, Зорица не ја испушти приликата да заблесне како никогаш досега.

Имено, стилистот Драган на неговиот Инстаграм профил сподели неколку фотографии со Зорица Заева која изгледа како за на Гала вечер.

Непогрешивиот дизјан на долгиот фустан со длабок шлиц и впечатливиот моден додаток совршено ја истакнуваат нејзината витка фигура. Освен тоа, целокупниот впечаток е зачинет со бакнеж од нејзиниот добар пријател Драган.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.