(ФОТО) Елизабета, сопругата на Стево Пендаровски уште еднаш ја покажа својата скромност при прославата на својот јубилеен роденден

  • By klaster3
  • мај 9, 2022
  • 0
  • 511 Views

Елизабета Ѓоргиевска е сопруга на петтиот македонски претседател Стево Пендаровски и во моментов прва дама на Македонија. Како што е познато со претседателот Пендаровски го имаат синот Огнен.

Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.

Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.

Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции.

Во 2014 беше првата сопруга што се вклучила непосредно во предизборната кампања на својот сопруг, претставувајќи ја пред гласачите неговата приватна страна. Стево Пендаровски стана претседател при вториот обид, во изборите 2019.

При секое појавување го привлекува општото внимание – со дискретниот филигрански изглед, секогаш внимателно заокружен, и со одмереноста на искажаните ставови, секогаш добро обмислени.

-Стево постојано се обидува да нѐ заштити од несаканите влијанија поради неговиот политички ангажман, особено во одредени тешки периоди минатите години.

Многумина дури и денес го гледаат (како што реков и тогаш) како строго лице од ТВ-екраните, токму поради сериозноста на темите за кои зборува, но, ние дома го знаеме како прекрасен сопруг и татко, базично чесен и исклучително толерантен“, изјави во едно интервју Елизабета.

Сопругата на претседателот е добро позната и по нејзините хуманитарни активности. Како поддршка на долгогодишната активност на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“ семејството Пендаровски неколкупати подготвуваше храна за бездомни и социјално загроз ени лица.

– Верувам дека ќе се подигне јавната свест за важноста на овој вид на активности. На социјално-ранливите категории на граѓани добредојдена им е секоја помош за полесно да се справат со предизвиците, вели Елизабета.

Првата дама на Македонија не се двоумеше уште еднаш да ја потврди својата хуманитарна и алтруистична особина, така што нејзиниот јубилеен 50ти роденден, на 6ти мај, одлучи да го прослави на сосема поинаков начин.

Во дворот на резиденцијата на претседателот се организираше готвење на оброци заедно со иницијативата Ретвитни оброк. Оброците беа наменети за лица од социјално ранливи категории, на кои Ретвитни оброк со години им помага за полесно да ги поминат тешките денови.

„Едно малку поинакво готвење минатиот петок. Готвење + роденденска забава! Волонтери на Ретвитни Оброк заедно со госпоѓа Елизабета Ѓоргиевска, нејзини пријатели и вработени во кабинетот на претседателот Пендаровски припремивме 150 сендвичи за роденденот на госпоѓа Ѓоргиевска.

После готвењето се облаживме и со торта а торта беше испратена и со оброците за нашите сограѓани што ја примаат храната. Многу ни е драго и сме благодарни за оваа соработка и за тоа што госпоѓа Елизабета одлучи да го посвети овој посебен ден за нејзе, на волонтирање во Ретвитни Оброк. Ви посакуваме убава година, полна со здравје и радост!“, објавија од Ретвитни оброк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.