(ФОТО) Екс министерката отпатува на познат остров, па покажа каква била како мала

  • By klaster3
  • јуни 17, 2022
  • 0
  • 275 Views

Како што и е познато на македонската јавност, Нина Ангеловска беше поранешна политичарка и министерка за финансии. Покрај тоа, таа работела како консултант за развој на бизнис, дигитална економија и е-трговија.

Таа е соосновач и била на чело на првата платформа за зделки и водечка компанија за е-трговија во Македонија, Групер.мк, лансирана во 2011 година што го трансформирање пазарот за е-трговија.

Ангеловска се школувала во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што дипломирала и магистрирала на насоката Е-бизнис на Економскиот факултет, а докторирала во 2016 година во областа на менаџмент.

Ангеловска членувала во одборите на Стопанската комора на Македонија и Европската асоцијација за е-трговија и повеќеканална трговија. Во 2019 била прогласена за една од седумте глобални жени застапнички на е-Трговија на Унцтад.

Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска веќе подолг период како се повлече од политичките води и јавноста и поради тоа ретко имаме прилика да ја видиме каде е и што прави.

Но, благодарение на социјалните мрежи понекогаш може да бидеме во тек со нејзините активности.

Така, се почесто може да видиме како му се посветила на спортот, па неизбежни се нејзините учества на маратони и полумаратони, како во Македонија така и во странство.

Секогаш си добива медал, но и ги ру ши сопствените рекорди со секој изминат маратон. Освен тоа, скоро секогаш гордо го вее македонското знаме каде и да отиде.

Ангеловска често патува, како работно така и приватно, па социјалните мрежи и се преплавени со фотографии од најразлични места во светот.

После многубројните работни активности кои ги имаше Ангеловска, деновиве изгледа има слободни денови за одмор, па заедно со нејзини драги личности отиде на патување.

Имено, замина на островот Малта, а за тоа како си поминува таму споделува на социјалните мрежи. На нејзиниот Инстаграм профил сподели приказна со носталгична тема.

Фотографија направена во далечната 1994та година во споредба со сегашна фотографија заедно со истите личности на неа, па напиша: Носталгии…Рекреации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *