(ФОТО) Екс македонската министерка ужива на еден од најскапите острови во Грција

  • By klaster3
  • јули 8, 2022
  • 0
  • 299 Views

Нина Ангеловска е добро познато име и презиме на македонска јавност, а најмногу ја препознаваат како поранешна министерка за финансии.

Таа е соосновач и била на чело на првата платформа за зделки и водечка компанија за е-трговија во Македонија, Групер.мк, лансирана во 2011 година што го трансформирање пазарот за е-трговија.

Ангеловска се школувала во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што дипломирала и магистрирала на насоката Е-бизнис на Економскиот факултет.

Ангеловска докторирала во 2016 година во областа на менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Пред да се приклучи на Владата, Ангеловска била на чело на Групер.мк како извршен директор и исто така работеше како консултант во дигитална економија, развој на бизнис и е-трговија. Групер вработувал 20 лица и имал 200.000 клиенти во 2018 година.

Покрај тоа, таа работела како консултант за развој на бизнис, дигитална економија и е-трговија. Таа го иницирала формирањето на Првата македонска асоцијација за е-трговија каде што служела како претседател до влегувањето во Владата.

Во 2016 година Ангеловска била признаена како една од 100 жени основачи во Европа, листа составена од германскиот стартап магазин Хундерт.

Во август 2019 година, Ангеловска била назначена за министер за финансии во Македонија функција каде што остана една година пред да ја наследи Фатмир Бесими.

Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска веќе подолг период како се повлече од политичките води и јавноста и поради тоа ретко имаме прилика да ја видиме каде е и што прави, но се уште се занимава со бизнис и е-трговија.

Откако се тргна од активната политика Нина се посвети на спорт каде што се почесто можеме да ја видимие на маратони и полумаратони во Македонија, но и во земјите од странство.

Освен тоа, од он што го споделува на социјалната мрежа Инстаграм, Нина доста често патува, дали приватно дали професионално, но може да кажеме дека ги обиколи најубавите места низ светот.

Пред извесно време екс-министерката беше на патување на островот Малта, а за тоа како си помина таму сподели на социјалните мрежи. По враќањето оттаму веднаш замина на ново патување.

Имено летниот одмор периодов си го поминува на еден од најлуксузните и најпознати грчки острови Миконос кој ужива интернационална репутација, привлекувајќи голем број туристи секоја година, луѓе од модната индустрија, политичари, спортисти и џет-сетери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *