(ФОТО) Денес и дојде редот и на Атиџе – со Сузе јавно се пофалија

  • By admin
  • мај 21, 2021
  • 0
  • 8988 Views

За пријателството помеѓу Сузана Турунџиева и Атиџе Муратово не се потребни да се трошата премногу зборови.

Атиџе по сите оние светски филмски фестивали и холивудски гламур, нашата амбасадорка во светот, нашата меденка се врати дома, на својот секојдневен живот, на убавите мали, а за неа големи нешта.

Таа сега е во новата куќа во Дурфулија, која ѝ ја подарија нејзините пријатели од филмот, но вели дека едвај чека да дојде пролетта, па повторно да оди во својата стара куќа во Бекирлија за да биде со своите пчели и природата, за кои вели дека се нејзиниот живот.

Главниот лик од документарецот „Медена земја“ Атиџе Муратова и понатаму знае да биде интерес во јавноста, пред се поради нејзината скромност и непосреднос, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.

Атиџе Муратова од апсолутно непознат лик стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.

Добро познато е дека Сузана Турунџиева, познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка важи за голема пријателка на Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја.

За разлика од многумина кои ја искористија петминутната слава за да бидат во друштво со Атиџе, Сузе и остана верна пријателка па тие две речиси секој викенд се дружат.

Дали Сузе ќе отиде на гости кај Атиџе или обратно таа во Скопје е неважно.

Минатата седмица Турунџиева за празникот Рамазан Бајрам ја посетата на Атиџе во селото Дорфулија, општина Лозово а во таа прилика покажа како ја подготви трпезата Атиџе за празникот.

Потоа Сузе информираше дека Атиџе, Кралицата на пчелите премиерно оваа година ќе одгледува пиперки и патлиџан под фолија. Аирлија нека е, да и се множат плодовите.

Сега и дојде ред на Атиџе да биде гостинска на Сузе па таа викендов ќе биде во Скопје, а дружбата веќе започна.

Турунџиева објави прво фотка со Атиџе над која напиша:

Превкусна рибја чорба во омилениот ресторан на Атиџе…. Викендот може да почне!

За да неколку часа подоцна Турунџиева повторно се огласи со две нови фотки над кои напиша:

-Ние се вакцинираме, вакцинирајте се и вие. Огромна благодарност до сите медицински работници и волонтери!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *