(ФОТО) „Гарванлиев и орлиња знаел да лета, пак провокација до Македонците“

  • By admin
  • март 17, 2021
  • 0
  • 2237 Views

Голема прашина се крена околу овогодинешниот македонски претставника на евровзија, Васил Гарванлиев. Прво поради спотот за песната со детали од бугарско знаме, а потоа и поради едно интервји.

Македонската радио телевизија оформила комисија која ќе утврдува и одлучува што ќе се случи со нашиот годинашен претставник на „Евровизија“, Васил Гарванлиев.

Од јавниот сервис велат дека „членовите на интерната комисија ја анализираат состојбата од сите аспекти и деновиве ќе биде донесена конечна одлука“.

– МРТ формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот „Евросонг“.

Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската радиодифузна мрежа – ЕБУ, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста наскоро ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ, соопшти Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација.

Но реакциите не стивнуваат, а утрово Сашо Тасевски на својот профил на фејсбук сподели уште еден детал и напиша:

И орлиња знаел да лета дечково.Каде ти е дното да знам?Пак провокација до Македонците. Докажа дека сме во право што те плукаме.

Ти остана да се сликаш уште со грчко знаме и свастика… И гарант ќе победиш на Евровизија. Ауууу, што би ти правел да сум власт во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *