(ФОТО) Гавазова од Канада: Каде и да одам ја има најдобрата публика

  • By klaster3
  • април 9, 2022
  • 0
  • 334 Views

Без сомнение Сузана Гавазова е ретка македонска пејачка која има фанови од 7 до 77 години и важи за најпопуларна и најбарана во земјава и во странство.

Така, каде и да се појави секогаш е добредојдена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни.

Сузана Гавазова важи за една од најпопуларните македонски турбофолк пејачки, која зад себе има изработено повеќе од пет албуми и има издадено повеќе спотови.

Таа на вистински начин знае да донесе македонска народна песна со нејзината интерпретација но и да испее авторска песна.

За Сузана Гавазова не е потребно да се трошат многу зборови. Струмичанката е докажана на музичката сцена и со нејзиниот глас и стас каде и да се појави привлекува внимание.

Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.

За неа буквално нема застој. Што се вели не може крајот да и се најде. Откако мерките опуштија таа постојано е со настапи, како кај нас така во странство.

Во последно време често е надвор од нашите граници со настапи. По зимската турнеја во Америка и настапите во Бугарија, Германија, Шведска, за првпат настап имаше и во Данска.

Периодов Сузе повторно е активна и деновиве ја одржува пролетната турнеја во Канада.  Со неа секоја забава е неизбежна, а тоа се гледа и по реакциите на нејзините фанови.

Но, и Гавазова не останува должна никогаш, па знае да каже по некој убав збор за публиката. Имено, сподели дел од атмосферата на нејзиниот профил и напиша:

„Прекрасна публика во Виндсор Канада, уживав додека пеев, се радувам затоа што каде и да одам ја имам најдобрата публика! Момците од Балкан Ентертаинмент дадоа се од себе и направија вистинско уживање со нивното музицирање! Вечерва се гледаме во Торонто!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *