(ФОТО) Внукот на Амди Бајрам од тато Габриел доби поклон вреден над 100.000 евра

  • By admin
  • јуни 1, 2022
  • 0
  • 472 Views

Без сомнение Амди Бајрам беше еден од највпечатливите ликови на македонската политичка сцена кој за жал повеќе не е помеѓу нас.

Но неговиот лик и дело ќе остане да живее вечно, особено помеѓу неговите најблиски.

Амди Бајрам беше долгогодишне македонски политичар и претседател на политичката партија Сојуз на Ромите од Македонија.

Амди Бајрам е роден во Скопје и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“.

Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник.

Во 1996 го основал СРМ и бил назначен за нејзин претседател. Во периодот 1994–1998 бил во коалиција со владејачкиот СДСМ, а за парламентарните избори во 1998 типувал победа на премиерот Бранко Црвенковски со 102%.

Во периодот 1998–2002 ја поддржувал владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски. При гласањето доверба на владата на Георгиевски по барање на водачот на опозицијата Црвенковски во декември 2000, владата опстоила поради гласот на Бајрам, по што тој изјавил дека им дал „гол со пета“ на СДСМ и дека неговата партија „секогаш е со власта“

Амди ќе биде запаметен и по многубројните легендарни изјави, а меѓу нив секако највпечатлива е онаа јас сум Кока Кола за вас.

За него важеше дека милува да прави големи семејни прослави, сунети, свадби, родендени, за кои на големо се зборуваше и пишуваше.

И по неговото заминување од овој свет, оваа традиција очигледно останала, па така неговиот син Габрил Бајрам реши родендено на својот син Валентин да го прослави со стил.

Имено на забавата крај базен пееше познатито македонски пејач Цаки Кисми кој на снимките што ги објави се гледа како држи бакшиш во рака, а притоа и снимаше како тато Габриле на синот му го врачува роденденскиот поклон.

А истиот ни помалку ни повеќе е Мерцедес џип од класата Г чија пазарна вредност се движи над 100.000 евра. Што би се рекло- се има, се може, нека му е со среќа и долго да си го вози.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *