(ФОТО) Велевска издоминира – јасно порача што мисли за Сузана Гавазова

  • By admin
  • април 19, 2021
  • 0
  • 2487 Views

Без сомнение, Сузана Гавазова и Елена Велевска дефинитивно важат за можеби најпопуларните, но и најатрактивните, најзгодните и македонски фолк пејачки последниве години.

Но, годиниве наназад, за нив исто така во медиумите често можевме да прочитаме дека двете фолкерки воопшто не се во добри односи. Секој медиум имаше своја приказна, секоја од нив своја страна и видување на истата, а публиката остана самата да го извлече својот заклучок.

Есента 2018 година, Велевска во едно свое интервју за еден естраден ТВ магазин, изјави дека со колешката Сузана Гавазова не се најдобри односи, но и дека на некој начин секогаш ќе бидат ривалки бидејќи се во иста професија.

Велевска во интервјуто истакна дека со нејзината колешка „се скар але“ бидејќи требало заедно да снимаат дует. Меѓутоа, Елена трипати била во студиото за да го сними својот дел, Гавазова не се појавила.

Од друга страна на приказната, нејзината колешка Сузана во интервју за истоимениот магазин истакна дека едноставно не се погодиле со термините.

Минатата година двете фолк диви одржаа заеднички настап. Сузана Гавазова и Елена Велевска на 16 мај со почеток во 20:00 часот и приреија заеднички концерт на фановите.

Бројните шпекулации дека двете познати фолк пејачки се скарани со овој најавен концерт паѓаат во вода.

Елена Велевска вчера на својот личен профил на фејсбук објави заедничка фотографија на која беше тагирана Гавазова и притоа напиша:

-Две грации кои успешно се борат 25 години,како на сцената така и во приватниот живот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *