(ФОТО) Анета Молика сподели фотка од својата ќерка со убава причина – пристигаат честитки од сите страни

  • By admin
  • јуни 1, 2021
  • 0
  • 1379 Views

Општо познато е дека Анета и Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас, апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега, зборуваме за периодот пред ситуацијата со вирусот.

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.

Таа вели дека иако е многу тешко да се издржи овој период без нивните свирки и дружбата со фановите, сепак мора да се продолжи напред и тоа само со позитивни мисли.

Кога ќе се спомне Анета Мицевска или попозната во јавноста како Анета Молика, секогаш се наидува на одобрение кај публиката. За Анета слободно може да се каже дека е најдобриот глас на фолк естрадата, впрочем тоа го кажува и самата публика.

Анета Мицевска Молика, во својата долгогодишна кариера, се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада. Токму вокалот е нешто што ја краси најмногу, иако и нејзиниот физички изглед е за десетка.

Да потсетиме, Анета и група Молика во изминатите месеци доста често одржуваа онлајн концерти со цел да ја расположат јавноста во тешките моменти.

Брачниот пар Анета и Џими Мицевски од бендот „Молика“ имаат ќерка која е вистинска убавица.

Пејачката деновиве сподели фотографија на Инстаграм со која ги воодушеви своите фанови. Од фотографијата можеме да заклучиме дека Моника неверојатно многу личи на својата позната мама.

Моника која и покрај талентот за пеење сака да биде заболекарка. Токму таа сега е матурантка, па мама Анета сподели фотка од табло.

Под објавата во коментар се редеа низа честитки од сите страни

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *