ФОТО:Малата Ангела од кумановско за прв пат проба пица, хуманитарецот Аце го израдува семејството

  • By klaster2
  • ноември 9, 2022
  • 0
  • 278 Views

Животот често знае да биде су ров и полн со изненадување. Не секој ја има таа среќа да расте во топол дом и да има безгрижно детство.

За жал некој и доста млади ја почуствуваат горчината на животот, пораснат иако на години се мали, стануваат искусни и доживуваат многу повеќе од нивните врсници.

Живот без струја и вода. Без храна и пари, куќа која тешко може да се каже дека е куќа, повеќе личи на некоја куќарка.

Живот со глад и солзи, ќе бидат причината поради која 10 годишната Ангела Лазаровска ќе ја натераат да го пријави нејзиното семејство во ,,Срце на Дланка”

Ова семејство од седум луѓе спие во 10м2. Единствен оброк им е попара од шеќер и вода. А, вода обезбедуваат само доколку небото се смилува да заврне, па, така да се избањаат и да ги исперат алиштата.

– Често немаме што да јадеме, живееме во голема сиромаштија, вели десетгодишната Ангела која за своите години проживеала многу.

– Чекам на Бог да се смилува и да заврне за да можеме да се испереме, да направиме јадење а понекогаш и ја користиме оваа вода за пиење, вели главата на куќата Добре.

– Срце ме бо ли кога ќе мора гладни да си легнеме, но тоа е реалноста. Јас можам и леб само да јадам, но тоа се деца си бараат.

– Би сакал да пробам сендвич, но мама нема за да ми направи сендвич. Би бил среќен доколку јадам сендвич вели малиот Јован а неговата сестра се надоврза:

– Пица никогаш не сме пробале, не го знаеме вкусот на пицата, но сме виделе кога други деца носат, вели со тешко срце малата Ангела.

Навистина не остава со отворена уста и не тргнува зборовите на оваа мала душичка, не останаа имуни многу луѓе а еден голем хуманитарец веднаш ги посети, станува збор за Аце од Штип.

– На гости и пица во еден скромен дом на пет малолетни дечиња кој се оставени на милост и немилост во 21 век, вели Аце на својот Фејсубк профил.

– Ако државата под итно не интер венира и ова на семејство не му додели социјален стан, држава и не треба да имаме сум видел сиромаштија сум видел тешки услови во кој живеат многу наши сограѓани Македонци вакво нешто до сега не сум видел.

– И ќе дадам се од себе да помогнам на овие деца ова е дефинитивно најзагро зената фамилија која сум ја посетил во животот и да бидам искрен во вакви услови животот на најмалото дете ( па и на останатите) е загро зен најодговорно го тврдам ова, вели Александар Георгиевски.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство на било каков начин тоа може да го сторите на телефонскиот број 075 349 090 или на трансакциската сметка 2707000425515.21 – Василка Лазаровска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *