Фолк пејачката Адријана Ацевска или во јавноста позната како Адријана Кеш е една од најатрактивните пејачки на сцената. Својата популарност ја стекна со големиот хит „Кеш, кеш“ кој за неверојатно брзо време ја освои публиката.
Со музика се занимава од најрана возраст – уште на 7 години беше дел од хорот на Сидо фестивалот. По потекло е од Битола, а долги години опстојува на македонската музичка сцена и може да се пофали со успешна кариера.
Како што и самата вели, вложува многу во себе. Не е спортски тип, но секогаш е соодветно облечена за секоја прилика, а на социјалите мрежи често споделува фотографии од својата витка фигура.
– Да се биде јавна личност е една од најтешките професии и тешко кој може да го издржи тој пр итисок, особено кога си жена. Некогаш ми годи кога се најдени вистинските зборови за физичкиот изглед, но би сакала повеќе да се зборува за трудот кој го вложуваме, изјави таа.
Изминативе две години покрај панде мијата и ограничувањата им ги скратија настапите на сите естрадни уметници, па некои од нив беа приморани спас да бараат во други професии. Меѓутоа, Адријана има спротивно мислење.
– Јас не ни осетив дека имаше некој преокрет пред кор она и после кор она. Се вратија свирките, но мислам дека се ми е исто, вели Адријана.
– Отсекогаш сум била поголем маж од сите мажи. За електроника за поврзување дома за се ме бива. Поврзување телевизор, менување на сијалица, знам да сменам штекер. И ден денес се снаоѓам, не ми треба мене маж за да сменам сијалица.
Со музиката слободно можам да кажам дека го прошетав цел свет. Нема кај што не сум била, затоа викам, да ти плати некој да прошеташ да испееш и да изгечдаш како царица е плус кај нас.
Минус е тоа што никој не знае како ги поминуваме тие турнеи, тоа што во комбе се соблекуваме, тоа што одиме од свирка на свирка, не сме спиени по 3-4 дена и влијае на начинот на живот.
Јас затоа викам, десет деца да имам една пејачка нема да пуштам да биде. Пред да почнам професионално знам дека сум собирала по 5, 10 денари за да купам тост, раскажува Адријана во емисијата 7/8.
Едно од прашањата кое и беше поставено е да избере која од нејзините колешки, Сања Сани Гроздановска или Елена Велевска е подобра пејачка, па таа без колебање кажа: Елена Велевска.