ФОТО: Еден од најдобрите македонски фудбалери за време на одморот покажа на колку високо се искачи

  • By klaster2
  • јуни 21, 2022
  • 0
  • 256 Views

Македонскиот фудбал моментално ги живее најубавите години од своето постоење, позади нас е успешна година во кое настапивме на историско Европско првенство.

Оваа година бевме на чекор и до мундијалот, откако ја победивме големата Италија, и бевме толку блиску а сепак далеку од Светското првенство. Во одлучувачкиот натпервар изгубивме од моќната Португалија.

Македонската фудбалска репрезентација успешно го заврши јунскиот циклус во групите во Лигата на Нации со победа над репезентацијата на Гибралтар.

Момците на Благоја Милевски со убедливи 4-0 ја совладаа оваа репрезентација и ја оправдаа фаворитската улога пред натпреварот.

Претходно ремизираа со репрезентацијата на Бугарија а сепак кнедла во грло ќе остави поразот од Грузија и намалените шанси за прво место во групата.

Но сепак шанси постојат, а во преостанатите два натпревари момците треба да го дадат максимумот и да ја израдуваат повторно нашата нација.

Легендарниот Горан Пандев замина во пензија, а неколку млади момчиња се гледаат како нови лидери и негова замена во репрезентацијата.

Еден од нив е и Елиф Елмас, момче од кое можеби најмногу се очекува а и со оправдание ова момче иако има само 22 години го остава срцето на теренот и се наметнува како вистински лидер.

Фудбалскиот пат на Елиф започна од Работнички, преку своите игри стана ме та на многу фудбалски гиганти а потписот го обезбеди турски Фенербахче.

Елиф не застана тука и со уште подобри игри се наметна во тимот од Истанбул и направи трансфер од соништата и потпиша со Наполи.

По напорната сезона со тимот од Неапол и завршување на репрезентативните обврски Елиф Елмас сосема заслужено го користи својот одмор.

Овој пат дел од својот одмор тој го поминува во Македонија и тоа на планина. Тој сподели фотографија како ја истражува Шар Планина и ги полни батериите за претстојните предизвици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *