Фирма од Австрија за да најде работници нуди и поклон автомобил од 37.000 евра

  • By klaster3
  • септември 9, 2022
  • 0
  • 520 Views

Познато е дека изминатиов период западните земји се соочуваат со огромен недостиг на работници во скоро сите сфери.

Кога станува збор за работа во странство Балканците секогаш на прво место го имаат Западот, па и тамошните фирми на секој можен начин се обидуваат да привлечат работници.

Во Австрија во угостителството и хотелиерството моментално недостигаат дури 15.000 работници. За да се достигне потребната работна сила, компаниите и услужните капацитети мора да бидат сè покреативни.

Ова денеска го потврдува австрискиот дневен весник „Хојте“ во текст со наслов „Погон бара работници, подарува автомобил“ и оглас на еден од најголемите угостителски погони во сопственост на семејството Крингс во Обертауерн во сојузната држава Тирол, кој привлекува потенцијални вработени со автомобил Mini Cooper SE од 37.000 евра.

Хојт истакнува дека семејството Крингс, кое вообичаено вработува околу 250 работници, машки и женски, во целата сезона, е свесно за загрижувачката ситуација со недостигот на соодветна работна сила во Австрија и затоа нуди посебни услови за да се добијат или попрво „намамат“ 50 работници за претстојната зимска сезона.

Споменатиот семеен бизнис ги вклучува хотелите Seekarhaus и Hochalm, а има и своја компанија за ски-лифтови.

Александра Крингс, една од членовите на семејството, смета дека Mini Cooper не е доволно атра ктивна мам ка, па на иден заинтересиран вработен дополнително му нуди бесплатна еднокреветна соба, храна и пијалок, како и бесплатно користење на сауна и фитнес центар,интернет и ТВ.


Вработените имаат и бесплатно возење по планинските железници и ски-лифтовите во сопственост на семејството Крингс.

Она што треба да се истакне е дека не добива секој работник Мини Купер, туку само тој што ќе биде извлечен на семејната лотарија меѓу кандидатите за слободни позиции. Автомобилот има право да го користи бесплатно една година.

Исто така, важно е да се истакне дека целокупната ресторанско-хотелска дејност, заедно со придружниот спортски и скијачки центар, се наоѓа на надморска височина од 1.800 метри.

И дека, како што пишува Heute, работите 5 или 6 дена во неделата (фиксно работно време), а еден ден е слободен. Па на кој не му се допаѓа, нека си оди!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.