(ФОТО) Максим Димитриевски неизмерно среќен и насмеан поради својот 9-месечен Пораст

  • By admin
  • септември 9, 2022
  • 0
  • 232 Views

Првиот човек на Општина Куманово, Максим Димитриевски секогаш знае да биде актуелен и привлечен за јавноста, дали на професионален или на приватен план.

Популарниот Максо на оваа функција е од 2017 година и во моментов го извршува својот втор мандат, но за разлика од првиот кога беше од СДСМ, сега е независен.

Максим основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на правниот факултет во Скопје. Во 2011 година изработува публикуван труд: „Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куаманово“.

Магистрант на тема „Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локална самоуправа во Република Македонија

Политичката кариера ја започнува како млад активист на Социјал демокртаски Сојуз на Македонија. Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година.

Политичката кариера ја продолжува како пратеник во Собрание на Република Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност. На локалните избори во октомври 2017 година станува градоначалник на Општина Куманово, функција на која што е и понатаму.

Во едно неодамшено интервју Максим зборуваше дека сопругата најмногу го поддржала кога решил да влезе во политиката.

„Главната поддршка доаѓаше од мојата сопруга која се вика Надица, таа е учителка по професија, работи над 15-години.

Имаме три деца, најстариот син е 21 година, ќерка ми уште малку ќе биде полнолетна 18, а најмалиот син е 14 години. Првично, најпотребна е поддршката од брачниот партнер, а потоа и од семејството.

Јас живеам во семејна заедница со моите родители, во истиот тој семен дом. Јас сум горе на спрат. Еве веќе доаѓа време кога децата си го бараат своето, па можеби ќе се одделиме, ќе излеземе во ново живеалиште, но како и да е, тие одлуки се семејни“, рече тој.

Првиот човек на Општина Куманово на својот профил на фејсбук често споделува фотографии од приватниот живот, па така беше случај вечерва.

Со 9 месеци стариот Пораст – Туркменистански Алабаи – напиша Максо покрај фотографијата со своето милениче.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *