Филипче се огласи пред малку со смирувачка вест: Нема потреба од рестрикција

  • By admin
  • ноември 29, 2021
  • 0
  • 304 Views

Здравствените власти засега нема да преземаат нови мерки за заштита од ширење на корона вирусот, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Стабилна е епидемиолошката ситуација и е разговарано за новиот сој кај нас, рече министерот Филипче на денешната прес конференцијата. Се уште нема доволно познати информации иако СЗО вели дека овој сој е лесно пренослив.

– Сметам дека рестрикција од затворање на граници и карантинизирање на патници нема да даде ефект, зошто е веќе детектиран во европските земји и видовме дека кога ќе се појави нов сој, тој не може да се спречи.

Соеви ќе се јавуваат и понатаму и остануваме со овие мерки кои се добро димензионирани, се става акцент на вакцинацијата.

Остануваме со овие мерки засега и ја следиме ситуацијата. Ова е нов сој и допрва ќе дознаваме информации, но од она што го знаеме, нема потреба од рестрикција.- рече Филипче.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *