Тони од Кисала Вода ноќва остана без дом: Пред очи му отиде се што правел цел живот

  • By admin
  • декември 24, 2021
  • 0
  • 454 Views

Градоначалникот на Општина Кисела вода Орце Ѓорѓиевски на својот профил на фејсбук сподели вест за уште еден не мил настан за кој вели:

Предмалку добив пот ресна вест, каде што домот на мојот сограѓанин Тони Атанасовски е оп ожарен до темел.

Во наредниов период сите хумани сили ќе ги насочиме кон негова помош. Повторно ќе го изградиме домот на Тони.

Ја разбирам неговата бо лка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за да овој наш сограѓанин не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен.

Вечерва не го оставивме под отворено небо и веднаш го сместивме на топло. Моите граѓани во Кисела Вода се мое семејство и мораме да си помогнеме!

Домот е столб на хармонија и среќа, така да ќе го изградиме повторно!

И отец Оливер Петровски од Хуманитарната организација “Св. Спас” ги повика сите општествено одговорни фирми и поединци да се вклучат во реновирањето на домот на Атанасовски со градежен материјал или финансиски средства.

“Секој еден е важен…” Ова се зборовите на нашиот градоначалник и мој драг пријател Орце Ѓорѓиевски – при посетата на лице место кај опо жариот дом во Драчево.

Нашата хуманитарна организација заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Општина Кисела Вода ќе стори сѐ што може за нашиот брат Тони да се врати час поскоро во својот дом.

Ги повикуваме сите општествено одговорни фирми и поединци да се вклучат во реновирањето на домот на овој наш брат со градежен материјал.

Сите кои сакаат и можат да помогнат со градежен материјал може да ме контактираат во инбокс или на телефонскиот број 078 383 743. Бог да ве благослови!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *