Стружанецот Никола има срце планина: Готви и дели топли оброци за 30-на лица

  • By admin
  • декември 4, 2021
  • 0
  • 407 Views

Стружанецот Никола Петрески дели топли оброци на социјално заг розени семејства. Ова тој го прави веќе еден месец а бројката вели на луѓе кои имаат потреба од помош за храна од ден во ден се зголемува.

На почетокот доаѓале двајца тројца а сега бројката достигнува и до 30ина лица во ден. Целта е додава Петрески да помогнеме но и да ја подигнеме свеста кај сите кој колку може да даде допринос кон лицата кои немаат за оброк.

„Ова го правам веќе еден месец, некои четири недели од кои понеделни, среда и петок имав иницијатива да ги донирам сам пошто имам две фирми со кои соработувам“ вели Никола за ТВ 24 и додава:

„Ми остануваше храна, ја јадевме дома, но некои 6 до 7 килограми се фрлаа па ми дојде до идеја да дадам на некој што му е потребно.

Се шири гласот за тоа. Од прилика првите денови беа 2 или 3 луѓе, но сега е 26, 27 луѓе“.

Откако низ Струга и околината се прочуло за овој хуман гест се приклучуваат и други хуманитарци индивидуалци но и компании.

Сега пред Нова година ќе бидат подготвени 500-ни топли оброци.

Пред нова година, од прилика околу 25-ти се надевам ќе се соберат доволно фирми за донација така да планирам да направам околу 500 оброци за Струга и околината што ќе биде голем подвиг. Кој може да донира средства во храна“ вели Никола.

За жал бројот на луѓе кои живеат на раб на егзистенција во регионот од ден во ден е се поголем.

Во Центарот за социјални работи евидентирани се повеќе од 400 ранливи граѓани од Струга и Вевчани.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ 24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *