Стариот ерген Љубиша: Љубовта трае додека имаш пари

  • By klaster2
  • ноември 13, 2022
  • 0
  • 197 Views

Не секој ја има таа среќа да оформи семејство и да има топол дом. Поради разни околности луѓето остануваат сами во животот.

Вредни и чесни луѓе, но на љубовен план се на почетно ниво. Во селото Мучањ најстариот ерген има 74 години и вели дека човек е среќен само ако најде сродна душа во животот.

„Долго размислувам. Тешко ми е да живеам сам, има храна за јадење, но треба некој да зготви“, вели најстариот ерген Недељко Аничиќ.

Момците од овие простори се трудат да формираат семејство, да си најдат жена, но за жал се било краткотрајно, поточно љубовта траела додека имало пари.

„ Се обидов, пет-шест пати, неколку месеци колку што имаше пари и си заминаа. Ми треба жена што може да оди по планина, способна и вредна.

,, Ќе дојдат овде обично им е убаво некое време, овој воздух оваа природа, но набрзо ме напуштаат и се враќаат во градот, вели тој.

,, Барам некоја да ме следи и да биде со мене секаде. Врвен готвач сум, пекар, знам многу занаети и не ми е тешко, вели пак Љубиша.

Слични проблеми имаат и неговите соседи Милан Аничиќ и Рацо Пантелиќ, кој ниле двапати во брак и признаваат дека животот на село без сопруга е тежок.

,, Со една жена живеев скоро четири години, но по некое време ми рече дека овде не може да издржи и дека сака да се врати во градот.

,, Секако дозволив, нема што тука, но ова е неспоредливо со градот, мирот како овде го нема на друго место, додава Рацо пред камерите на ,,Инфо лига”

Иако денес во селото се живее многу подобро, домаќинствата се богати и не им недостасува ништи, жените тешко се одлучуваат да ја бараат љубовта подалеку од урбаната средина.

Наместо топла прегратка и шолја кафе, овие планински луѓе времето го поминуваат пред телевизор, а ги теши недопрената природа и живописните предели кои со својата убавина можат да ги излечат и најосамените души.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *