Соживотот во Македонија на дело вечерва – е вака ја личи, ваква сакаме да ни е државата

  • By admin
  • ноември 14, 2021
  • 0
  • 484 Views

Да добро го прочитавте насловот, токму така. Многупати сме слушнале соживот по медиумите, најмногу од политичарите, но вечерва тоа го видовме на дело.

Но ајде да почнеме со ред и да го одбележиме историскиот резултат на македонската фудбалска селекција.

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжи да пишува историја! Со домашна победа над Исланд (3-1) избраниците на Благоја Милевски го остварија најдобриот пласман во едни квалификации за Светското првенство и за првпат ќе играат во бараж за пласман на големата светска фудбалска сцена.

На нашиот национален тим му беше потребна победа за да ја оствари целта и воден од публиката дојде до посакуваните три бода на Арената „Тодор Проески“. Преку слободна проценка 25.000 гледачи што беше голем стимул за играчите на Благоја Милевски да го надмудрат ривалот и со погодоците на Езџан Алиоски и Ељиф Елмас да го чекираат посакуваното второ место, зад Германија, а пред Романија. Македонија ќе биде меѓу неносителите на баражот.

Милевски направи една измена од тимот кој славеше во Ереван пред четири дена. Капитенот Стефан Ристовски го зазеде своето место крај десната аут линија, на местото на Стефан Ашковски.

Трајковски уште во третата минута ја имаше првата шанса, но неговиот удар од левата страна заврши крај голот на Рафн Олафсон. Се играше четвртата минута кога гостинскиот голман првпат интервенираше по обидот по земја на Елмас, исфрлајќи ја топката во корнер. Во седмата минута исландскиот бл ок попушти, откако Алиоски од левата страна распали и со прецизна дијагонала го отвори резултатот (1-0).

Тордарсон со удар од голема далечина во 15. минута за првпат се закани по нашиот гол, но биеше многу непрецизно. Три минути подоцна се обиде Елмас, по корнерот на Трајковски, но бие ше крај дирекот.

Во 24. минута од огромна далечина се обиде Барди, но биеше преку голот на гостите од Скандинавија. Најзрелата наша шанса ја имаше Милан Ристовски, кој одлично беше проигран од Трајковски, но биеше централно и Олафсон интервенираше.

Во 40. минута Чурлинов постигна гол за 2-0, по ударот на Алиоски и одбиената топка од Олафсон, но судиите и ВАР-технологијата потврдија дека фудбалерот на Шалке 04 бил во недозволена позиција.

Нашата селекција рутински го приведе првиот дел кон крај, не дозволувајќи противникот да се закани со зрели шанси. И на стартот на вториот дел Македонија почна да притиска.

Имаа обиди Милан Ристовски и Ељиф Елмас, но блокот на „рибарите“ функционираше според планот и не дозволи да се загрози голот. За тоа пристигна казната. Од првата сериозна шанса, Исланд дојде до изедначување. Во 54. минута по едно нафрлање капитенот Бјарнарсон спушти топка со глава до Торстеинсон, а тој го надмудри Димитриевски (1-1).

Судијата Маса го призна голот и покрај прегледувањето на ВА Р. По примениот погодок, Дарко Чурлинов го повреди рамото и беше заменет, на негово место влезе Ашковски.

Кратко траеше радоста на Исланѓаните, затоа што во 65. минута по една мешаница во казнениот простор Елмас се најде на вистинско место во вистински момент и ја врати предноста за Македонија (2-1).

По погодокот за враќање на предноста, Милевски го зацврсти средниот ред и во игра го внесе Стефан Спировски. Бонус беше и црвениот картон кој го доби Исланд, откако во 79. минута поради втор жолт картон исклучен беше Јоханесон. Во последните десет минути Македонија играше доста претпазливо, а победата ја потврди Ељиф Елмас со вториот гол во мрежата на гостинот, за конечни 3-1.

Стефан Ристовски со капитенската лента ја предводеше Македонија до голем триумф над Исланд (3-1) вреден место во баражот за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година. По дуелот, десниот бек полн со емоции говореше пред новинарите и истакна дека е горд што е предводник на овој тим.

„Убаво е ова, исполнет сум емоции и горд сум што говорам пред сите за овој успех. Натпреварот колку и да звучеше пред стартот дека ќе бидеме релаксирани, притисокот си го правеше своето.

Македонија не е навикната да игра вакви натпревари за влез на ЕП, за бараж на СП… Денес, Македонија им ги отвори очите на сите во фудбалскиот свет. Како што напоменав пред меч, квалитетот излезе на површина.

Имаме одлични играчи, носители на играта во квалитетни лиги и тоа ја направи разликата. Околу публиката… драго ми е што го израдувавме овој народ.

Во нашата соблекувална нема Македонец, Албанец… црн, бел… туку има единство, сите играме за еден дрес и така успеавме да дојдеме до тука кадешто сме. Македонскиот народ го мачат многу нешта, сега ова доаѓа како еден момент во кој овој народ се сплотува, Македонија и овој народ заслужува вакво нешто. Ние сме горди што успеавме во ова“, изјави Ристовски.

Е сега доаѓаме до поентата на овој текст. Ова што го кажа капитенот на теренот, важеше и за оние кои што беа на трибините.

По подолг период за првпат на трибините можевме да забележеме како Македонци, така и Албанци, Турци, Роми и така натаму кои буквално пулсираа сите заедно како едно.

Воздишки, потскокнувања, радости. Да ти е мерак да видш како се гушкаа Македонци и Албанци и заедно го славеа успехот на нашата селекција, па тоа е соживот.

По крајот на мечот надвор од стадионот сите весели расположени, сите си зборуваа на својот мајчин јазик слободно, без дофрлување и други проблеми.

А и да, на трибините се навиваше и пееше исклучива за поддршка за Македонија, без оние невкусни песни кои и не сакаме да ги споменуваме

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.