Валентина од Ерџелија: Децата ми плачат бидејќи се гладни, а од домот може да не избркаат во секој момент

  • By klaster2
  • ноември 15, 2021
  • 0
  • 701 Views

Миодраг Станојевски моментално живее во Ерџелија, тој е сопруг и татко на две деца кои повеќе се гладни отколку сити и кој живеат во руинирана соба.

Соба во која секој момент можат да бидат исфрлени, децата бараат јадење, но Миодраг неможе да им обезбеди, а својата приказна ја раскажува во емисијата ,,Срце на Дланка”

Сопругата Валентина пак со тешко срце расажува за ситауцијата и за тоа како животот нагло и се променил и што се таа претрпела.

– Имав убаво детство и добар живот, но откако се оженив започнаа проблемите, како секоај снаа и свекрва и ние така се кар авме.

– Одлучивме со оспругот да заминеме бидејќи не се издржуваше и тогаш почна нашето лутање, под кирија, па кај роди и братучеди па повторно кај неговата мајка која не набрка на крај.

– Сега сме под кирија, многу е тешко за една мајка да гледа како детето и бара а таа е немоќна да направи нешто, вели Валентина.

– Поради тоа што немаме квалитетна и редован храна едното од децата заврши во болница, па дојдоа и од социјалното и сакаа да ми го земат, велејќи ми дека не сум била добра мајка, јас не дозволив такво нешто.

– Често се гладни децата, за помалото кога немам млеко му давам вода и шеќер, кровот пред некој период па дна врз детето но за среќа тоа остана живо.

– Во секој момент може да не избркаат и од овде, а јас би останала на улица со децата, неможам да работам бидејќи нема на кој да ги оставам децата.

– Сопругот не е способен за работа и има проблеми со здравјето, во ло ша ситуација сме и несигурна иднина, вели Валентина за ,,Срце на Дланка”

– Живееме ло ш живот, јас не сум способен за работа, а децата си бараат, земаме социјална помош од околу шест илјади денари, вели Миодраг.

– Струја немаме, земаме од комишшите колку да не сме во темница и децата да гледаат малку телевизија, многу сум благодаран на комшијата вели Валентина.

Човек кој не ги остава на цед ило е Никола кој и помага на ова семејстов и им ја плаќа киријата за да не останат на улица.

– Случајно го запознав ова семејство, односно Мики го видов како одеше да купи млеко за децата и откако го запознав ова семејство неможев а да не го оставам.

– Им помагам колку можам во дометот на моите можности, ја најдовме оваа куќа, нема струја но не се без покрив, и обезбедивме неколку работи, вели Никола.

– Откако се родени децата им немам купено ниту едни чорапи, јас да земам едни дрва да префрлам веднаш ќе ми стане ло шо.

– Децата гледаат од нивните врсници дека имаат патики или јадат некоја убава храна, но им велам дека немам од каде да најдам, вели Миодраг.

– Често ќе си легнам гладен, но за децата ќе одвојам некој залак, јас сум спремен се да направам за децата и за нивна убава иднина, вели овој храбар татко.

Доколку сакате ад му помогнете на ова семејство да има сигурен покрив над глава и да си го подобри животот тоа може да го направите на телефонскиот број 076 835 182 или на трансакциската сметка во продолжение.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *