СПознатата ТВ водителка, пилатес инструкторка, но и инфлуенсерка, Снеже Велков, на својот Фејсбук профил сподели емотивна објава посветена на нејзиниот драг колега.
„Само тој ја имаше моќта да биде Голем покрај Големите имиња од јавниот живот и мал и обичен покрај обичниот народ на кој им приредуваше еден куп забавни емисии.
А знаете ли дека “Вашите 5 минути” е првата емисија за пронаоѓање на млади пејачки таленти,пред сите Гранд ѕвезди Идоли и Пинкови ѕвездички?
И само тој со еден повик знаеше да договори гостување во емисија на било која Ех Ју ѕвезда и со ист таков ентузијазам да праша Имаме пакет сокови Сано или повеќе сакате брашно?
Само тој имаше “ководител” бело зајче. Со таква леснотија ги правеше емисиите, без мозгање без паметување и надмудрување без измислување “топла вода”.
Ако народот го сака “Величенствениот” одиш и снимаш интервју со него, ако народот го сака Полат го правиш истото и таков отмен стегнат во ц рн костум чиниш си актер од серијатата “Долина на волците” застануавш и се сликаш за насловна со тој истиот Полат.
Што тука не е јасно?! Од неговиот ум можеше да произлезе безвременска мелодија како “Свирете ја зајди зајди”и мудро да понуди помош на гледач кога на прашањето како се вика братот на сопругата место шура гледачот упорно да го кажува името.
Еднаш одамна кога му правев интервју го прашав:Зошто кога толку го крит икуваат не најде на пример некој друг да му ги води емисиите а тој да биде позади камерата.
Ми рече вака:Ако најдеш еден барем еден на нашава сцена кој се знае со толкав број јавни ликови од Балканов, и кој со еден повик ќе ги викне во емисија, и при тоа да им поставува издржани прашања…
Ако најдеш некој кој знае како да го усреќи народов со такви ситни награди кои на некого му се многу битни,и кој и после толку време на екран се уште сакаат да го гледаат кажи ми и..Спремен сум да се повлечам…
Нема таков му реков тогаш. Нема таков Драгане велам и сега. Нема ни да да има. Оти знаеш што? Само ти успеа со микрофон со ознаките на Сител да се појавиш на Канал 5.И ич да не ти чуе
И увек али увек добиваше премиерен термин во која телевизија и да отидеш. И најбитно кога и да се спомене твоето име кај сите луѓе предизвикува насмевка.Оти таков и беше а така и заслужуваш да те паметиме по измамување насмевка кај луѓето.
Си замина на вчерашен датум,ама денес пишувам зошто вреди да се памети само твоето постоење…Слава ти Драг Драган Вучиќ“, напиша Снеже.