Иван Иванов: Нашата политичка елита постојано ни кажува и докажува дека и под дното има дно

  • By klaster3
  • мај 5, 2022
  • 0
  • 399 Views

Иван Иванов е единствениот син на поранешниот македонски Претседател Ѓорге Иванов и сопругата Маја кој студираше на Правниот факултет, отсек политички науки.

Во брак е со прекрасната Јана со која пред еден месец го доби првородениот син. Традиционално, првиот внук на екс-претседателот го носи неговото име, Ѓорѓе.

Лани тој ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“ и со помош на стиховите откри една нова и досега непозната за јавноста страна од себе и својата личност.

– Некако се наметна како традиција, и мојата мајка има издадено збирка поезија во нејзините младешки денови и има добиени награда „13ти ноември“.

Така што отсекогаш сме биле вљубеници во пишаниот збор и во музиката, нашиот дом е преполн со плочи, цедиња и со книги кои не фаќаат прашина, туку се користат секојдневно, објаснува Иванов.

Негова најголема поддршка отсекогаш биле неговите родители. Татко му Ѓорѓе како вистински академски, но и животен ментор зашто сите поуки и родољубивоста ги добил од него, а кои му биле од големо значење во неговото образование.

Од друга страна, од госпоѓата Маја, неговата мајка, секогаш добивал безрезервна поддршка и настојување да расте во нормална семејна средина, но и држава.

Иван проговори за причините кои го инспирирале да ја напише неговата стихозбирка, но и јавно ги искажа своите ставови во врска со националната свест кај Македонците.

– Баш ми беше инспирација за збирката, она скв ернавење на нашето време од страна на едни луѓе – не луѓе кои едноставно така некако ни се наметнаа како големи самопрогласени лидери кои мислеа дека времето од нив треба да почне да тече и дека се претходно треба да заборавиме.

Главната про вокација за настанување на оваа книга беше токму она што тие го создадоа или оск вернавија. Последниве години постоеја многу срам ни обиди за ам путирање на нашиот дух, за ск вернавење на нашето национално чувство.

Сега пополека го допираме, ако веќе и не го допревме дното. Нашите политичари, нашата елита постојано ни кажува и докажува дека и под дното има дно.

Имаме голема обврска спрема неродените. Ќе го цитирам мојото татко: ние не живееме во минатото, туку со минатото. За да се гордееме, да се навраќаме, да учиме од сите тие грешки што ги направивме, а жалам што повторно ги правиме.

Навистина верувам дека ние повторно ќе си ја вратиме нашата национална свест за нашата национална припадност, љубовта спрема татковината, Република Македонија, заклучува Иван во интервју на МРТ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *