Слободан од бранител во 2001 до заборав од државата: За Македонија повторно би застанал во првите линии

  • By admin
  • јули 26, 2021
  • 0
  • 7600 Views

Како што е познато животот носи многу предизвици, некој се родил со среќа, а некој само да ја гледа. Животот задава многу препреки, а Слободан Ангелов од кочанско Оризари е од оние кој уште од мал ја видел другата страна на животот.

Слободан има 45 години, тој имал не среќно детство живеел во сиромаштија, уште на млади години за да го прехрани семејството работел кај други.

Потоа работи во една текстила фирма каде зема минимални примања само за да го отплати стажот на татко му за тој да може да земе пензија.

– Како мал при жетва на ориз имам доживеано не згода, имам паднато од левата страна тој дел е не е мој, туку пресаден од друг човек.

– Имав сиромашно детство, исполнето со многу про блеми и немаштија, работев како измеќар уште од 13-14 години, носев и товарав вреќи на луѓето, пасев биволи, и ред други такви работи.

– Татко ми работеше во шумарството, но 1994 од таму го избркаа, се затвори, јас тогаш завршив училиште, и се падна на мој грб односно на мој терет.

– Работев буквално се, работев и во една текстилна компанија, со цел да помогнам татко ми да земе пензија, работев и во една градежна фирма,вели Слободан.

– Тој како мал незнаеше ни што е ден ни што е ноќ, работеше кај ќе го викнат, да це пи дрва, да помага при правење куќа, вели неговата мајка.

– Јас воглавно работев земјоделие, со Слободан како мал бевме цело време по болниците, јас се здобив со кила, еднаш се сеќавам жнеевме кај една госпоѓа.

– Јас со мали деца, тие пл ачат за јадење, 2.5 декари ожнеавме, завршивме и побарав да јадеме нешто, а таа се обрати на мене ,,Како не те е срам да бараш, каде работиш па и храна ќе бараш,,

– Со децата си отидов дома пла чејќи, им зготвив кашичка, но што да правам таков е мојот живот, судбина, вели во солзи мајка му.

Слобан е македонски бранител од 2001 година, доживеал многу случки и многупати живото му бил на конец, но вели дека не се двоуими и повторно да го направи истото.

– Кога настана случувањата во 2001, јас заминав најпрво во кас арната во Кочани, а од таму во Штип, а пак од таму заминавме во Умин дол, во бор бените линии.

– Животот ми беше на конец во неколку наврати, на за среќа преживеав, исто така фатив и една девојка од нашите редови која, снимаше и не предаваше на противниците.

– Дојдоа службениците, го собраа набрзина, и го одведоа не ни кажаа ни каде го водат, дури после еден месец дознав каде заминал. Дење ноќе пла чев, беше навистина тешко, вели мајка му Станка.

– Вториот пат со службениците ме зедоа и заминавме за Карпалак, бев на Карплак на тоа  место, ги чистев камјоните и го собиравме остатоците од нашите, сцени што верувам никој не би сакал да ги види.

– Од таму заминавме со екипата во тетовско, поточно Вејце и Челопек, каде исто така бев во бор бените линии,јас сум херој и гордо се борев за Македонија.

– Следната акција, беше во Ваксинце, таму бев пов реден, и се криев во еден дол, една сцена никогаш нема да ја заборавам. Во Куманово во касарната пријавиле дека не сум меѓу живите.

– Тие спремале се за мене да ме испратат од овој свет, јавиле дома на моите дека сум заминал од овој свет, замислете го тоа вие. Си го видов ков чегот со знамето врз него и моја слика.

– Јас во дупката бев скоро цел ден, тоа ми беше тоалет, престој, буквално се, неможев да излезам долго време, издржав за Македонија, вели гордо Слободан.

Како што вели за Македонија и животот би го дал, бил во првите бо рбени линии, но е раз очаран од државата, која кренала раце од него и го заборавила.

– Најмногу сум раз очаран од државата, како можеше да не заборави нас, мене како во ен инв алид, поминав пет опер ации, без денар сум, незнам како ќе го дочекам утрото.

– Многу ми е тешко, пла чам во себе, побарав помош од државата, кренаа раце од мене, вклулувајќи го и Стојанче Ангелов, кој што е претседател на бранителите.

– Кога започнав да ја правам куќата единствена помош имам од неколку фирми од околијата. Потребен ми е и електричар да инсталира струјата, јас спијам овде на подот, на бетонот, вели Слободан.

Оваа семејство живее со само 8 000 денари месечно од пензијата на татко му на Слбодан, кој не се доволни ниту за сметки, а камоли нешто повеќе.

– Многу тешко се живее, едвај крпиме крај со крај, често пати легнуваме и гладни, што да правиме, не е лесно воопшто. вели мајката на бранителот.

– Најголема желба ми е да си ја средам куќата, да има прозорци и врати, а исто така и да се одомаќинам, да имам сопруга.

– Да може да се ожени, за тоа се молам и живеам, да видам внуче, па макар и со дете некоја да е, ама да ме нарече бабо, вели во солзи баба Станка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.