Слаѓана со горчина на душата: Им работев два дена за кило компири и на крај ми дадоа расипани

  • By klaster2
  • ноември 3, 2022
  • 0
  • 299 Views

Слаѓана Антиќ (66) од Александровац живее сама, на работ на егзистенција, во куќа без прозорци, без струја и без приходи.

Како што вели струјата била исклучена одамна ѕидовите се црни, а собите се полни со чад поради проблемот со дотраената печка.

Кревет исто како и да нема, тој е толку трошен што остануваат само даските, а во собата каде што спие нема прозорец.

Таа сама носи дрва од шумата за зимата. Но нема многу си ла за некоја друга работа, препуштена е сама на себе како знае и умее да се снаоѓа.

Исто така тешко се снаоѓа и со храна, како што вели често имала денови кога легнувала и гладна во постела, но тоа е е реалноста за неа.

Слаѓана Антиќ по цел ден работи за шеќер и маслиново масло, кое што и го даваат, работи се што ќе и кажат и не бира работа.

– Во многу лоша ситуација сум, не знам што и како понатаму, куќата во секој можен миг може да ми падне врз глава и да заврши лошо по мене.

– Еднаш работев цели два дена за едно кило компири а на крајот ми дадоа расипани компири. Соседите ми се такви, ме тераат да работам по цел ден.

– Ако не сум таму се лу тат, па не ми даваат храна после – вели со горчина на душата Слаѓана пред Тамара Мисирлиќ која ја сподели нејзината приказна.

– И навистина, кога видов какви компири добила за два дена работа, се запрашав дали тие луѓе имаат душа – вели Тамара, која ја посети Слаѓана Антиќ и самата се увери во какви услови живее оваа жена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.