Славица Петковска која е на 32 години попозната кај кратовчани како Цаци е лице со церебрална пар ализа, уште како мала останала во ин валдиска количка.
Но за разлика од пред неколку години и покрај помошта од мајка движењето и е сведено на минимум. Од дома не излегла веќе 3 години.
-Многу напор давам и многу ми е тешко по степениците, сега сум и повозрасна и навистина неможам, би сакала да шетам барем до улицата.
Секојдневно сум во куќата и дворот, животот би ми бил полесен доколку имам лифт.
Ќе ми се намали ма ката со степениците и тоа многу. Би можела да отидам до градот, да се дружам, да пијам кафе со пријателите, и би се чуствувала по среќно.
И нејзината мајка вели дека и е од голема потреба лифт, со кој би се олеснил животот на нејзе.
-Јас сум тука секогаш за неа и помоагам, но пополека и јас веќе не сум во најдобрите години, навистина е тешко, со лифтот мислам дека животот на Славица ќе биде полесен, вели мајката на Цаци.
Ова семејство се надева дека нивните молби ќе допрат до институциите и хуманите граѓани. За изградба на лифтот им се потребни 5.500 евра, пари кој што тие ги немаат, бидејќи живеат од средствата за туѓа нега.
– Голема желба ми е лифтот, би ми го променил многу животот, заклува Цаци.