За Македонците во Малта пристигна неповолнa вест, сепак ќе треба да причекаат

  • By admin
  • мај 17, 2021
  • 0
  • 897 Views

Пред околу еден месец беше објавено дека Македонија е една од 32 земји кон кои летово ќе има директни летови од Малта.

Ова стоеше во објавата на Меѓународниот аеродром во оваа земја.Од распоредот се гледа дека повторно се враќаат летовите кои беа прекинати поради панд мијата.

Сепак, се напоменува дека во зависност од рестр икциите за патување ќе зависи и распоредот на летови и може да се промени.

Првично беше објавено според распоредот дека Македонците од 31 мај ќе можат директно да летаат до Малта со авиокомпанијата „Визер“.

Оваа вест израдува многумина нашинци, но и нивните роди со оглед на тоа што во Малта живеат и работат голем број Македонци, а таа бројка преку лето дополнително расте поради сезонските работници.

Сепак вчера од Македонската заедница во Малта се огласија на фејсбук каде споделија вест во која што велат:

Иако Визер ги пушти летовите од Мај месец за Малта од Скопје, сепак вчера се тргнати од нивниот планер.

Првата дата за директна линија која се очекува да биде сега е 14 Јуни по цена од 2150 ден за основен пакет.

Би сакалe да укажам да внимавате со купување на картите од Скопје за Малта да не се доведете во ситуација да купите а летот биде откажан. Компанијата не ги рефундира за 1 ден парите .

Совет при доаѓање во Малта да ги користите алтернативните рути и тоа преку: Атина, Софија или Скопје-Истамбул-Малта!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *