Сите знаеме дека добро се заработува во Германија – сега познато и по колку и која професија е најплатена

  • By admin
  • јануари 8, 2022
  • 0
  • 467 Views

Како што е најавено, работниците во Германија може да очекуваат значително зголемување на платите во новата година, покажува корпоративната студија на водечкиот локален економски институт.

Компаниите од една страна бараат квалификуван кадар, а од друга нагло расте минималната плата, објаснуваат економистите.

Од анкетираните 630 раководители задолжени за персонал, 78 отсто очекуваат платите да се зголемат во просек за 4,7 отсто. Кратењето на платите е исклучително ретко меѓу одговорите.

„Најголем пораст на платите се очекува во услужниот сектор – во просек од 5,8 отсто“, се вели во студијата.

Едно објаснување за ова може да биде големото зголемување на минималната плата: од сегашните 9,60 евра на час, таа од 1-ва јануари стана 9,82 евра, а од 1-ви јули 2022-ра година ќе се зголеми за уште 6,4 отсто на 10,45 евра.

Коалицискиот договор на новата сојузна влада предвидува уште едно зголемување на минималната плата во 2022-ра година – до 12 евра на час.

Според студијата на менаџерите за човечки ресурси, од ова би имале корист во просек 20% од вработените во давателите на услуги, 10% од оние во трговијата и 7% од оние во индустријата.

Просечната бруто плата во Германија е 56.985 евра годишно, како што е прикажано во извештајот на „СтепСтоне“ за платите за 2021 година.

Во однос на просечната плата, најдобро стојат во јужна Германија – Баварците заработуваат во просек по 60.013 евра бруто годишно, жителите на Баден-Виртемберг 60.182 евра, а во Хесен дури 60.936 евра годишно.

Резултатите од онлајн платформата за вработување „СтепСтоне“ покажуваат и – одговорноста на персоналот се исплати, во вистинска смисла на зборот.

Со 66.130 евра, бруто менаџерите добиваат во просек 16.500 евра повеќе од квалификуваните работници без кадровска одговорност.

Големи разлики постојат и меѓу професиите. Лекарите имаат просечен годишен бруто приход од 100.762 евра, банкарите во просек добиваат 62.744 евра, а адвокатите 68.642 евра.

Продавачите, пак, заработуваат само околу 24.000 евра годишно, а медицинските сестри кои се грижат за стари и болни околу 39.600 евра годишно, пишува порталот Билдунг.де

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.