Синот на Есма згрме по „колешката“ пејачка која рекла – само завива како оџите од џамија

  • By klaster2
  • декември 22, 2021
  • 0
  • 394 Views

Есма Реџепова, кралицата на ромската музика и македонски амбасадор ширум светот остави значаен белег кој треба да се негува.

Таа пред се беше голем човек, хуманист кој помагаше на секаде каде ќе беше потребно, но сега сведоцит сме што се случува со нејзиното дело и тоа што е оставено од неа.

Симеон Атанасов, синот на Есма често знае да се огласи во медиумите или на социјалните мрежи и да проговори за кралицата на ромската музика.

Тој изреволтиран од некој информации реши да проговори јавно и да објасни некој работи, за се што се случува и вели:

,,Почитувани пријатели, изреволтиран од информацијата која што ми ја даде близок пријател,решив да го напишам овој пост.

,, Сакам да им дадам дознаење на сите оние кои имаат исто мислење како дотичната “колешка” или можеби подобар назив за неа пејачка, бидејќи не заслужува да го добие епитетот – уметник.

,, Впрочем во непосреден разговор со мој близок пријател,изјавила:”Која е таа Есма? Нема врска од пеење, туку само завива како оџите од џамија.”

,,Јас пред се,се извинувам на сите муслимани што морав да ја цитирам и да го напишам овој збор. За мене сите вери се исти и постои само еден Бог.

,, Би можел да го кажам следното и да и одговорам на дотичната пејачка, бидејќи сум сигурен дека ќе се пронајде во овој текст, а до овој момент мислев дека е пријателка на нашето семејство.

,,Секогаш кога ќе ја сретнеше Есма, трчаше во нејзината прегратка за Есма да и раскажува во кои се светски арени има настапувано. Ќе набројам неколку успеси на Есма Реџепова:

Прогласена за Кралица на ромската музика во цел свет (1976 год., Индија)*Златна плоча “Зошто си ме мајко родила”


Златна плоча “Свадба македонска” Златна плоча “Чае шукарије” Примадона на Европско пеење(1995год.,Бон,Германија) Пејачка на милениумот( 2000 год.,Москва,Русија)

На популарното радио NPR во Америка е ставена во листата на 50-те врвни гласови од цел свет ( 2010 год.). На оваа листа и правеа друштво Марија Калас, Ела Вицчерланд,Махалија Џексон,Нусрад Фатех, Али Кан,Иги Поп … *Два пати номинирана за Нобелова награда за мир *Национален уметник на Р. Македонија

Она што е најважно за Есма Реџепова Теодосиевска иако не беше биолошка мајка, таа изгледа 48 деца, кои што денес се, пред се вистински луѓе, а потоа и врвни уметници.

Ова се однесува на сите оние кои го делат мислењето на дотичната “пејачка” бидејќи сум убеден дека ги има многу од нив. Кога ќе постигнете барем дел од овој успех, на како што велите “ци ганката која завива”,тогаш можете да коментирате, стои во Фејсбук објавата на Симеон Атанасов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *