Маестро Симон Трпчески конечно после пет години од светската премиера и освојувањето на светската критика и публика, ќе го претстави проектот „Македонисимо“ пред македонската јавност.
Претпремиерата беше во струшко Збажди на Богородица, а на 14 септември ќе биде изведен во Скопје и на 25 и 26 септември во Штип и во Битола. Трпчески во интервју за Радио Слободна Европа објасни малку повеќе.
– Јас и пред 20 години кога ја почнав кариерата бев свесен. Токму во Збажди ги поминував своите детски денови и точно знам од каде доаѓа ср’жта на народната музика како и многу други луѓе коишто покажажле интерес за неа од најразлични делови на Македонија.
Од тој аспект не сум бил во заб луда не сум имал никакви дилеми околу значењето, околу важноста. Пред 5 години се случи премиерата во Германија кога во Македонија се случуваа турб улентни менувања на власта.
Три дена пред јас да ја отворам македонската филхармонија официјално се случи лу д избор. Сега се случуваат одредени други работи, а Македонисимо се случува сега – веројатно за се си има причина
Меѓутоа опстојбата, како што ја нарекувате македонската музика, не треба да биде и никогаш не била во мојата глава, во мојата потсвест и во свеста на секој нормален човек без разлика дали е Македонец или е од друга припадност којшто живее овде, ја сака и којшто ја познава својата земја да биде предмет на пиши – бриши.
Историјата не е туку-така. Ние не постоиме од вчера или од денеска. Моето семејство постои триста години наназад од страна на татко ми, мојата мајка е од кукушко кој ќе каже дека не е Македонка.
Мислам дека нема ништо страшно да кажеме кои сме и што сме да го изустиме тоа. Јас сум горд што после пет години конечно ќе имам можност да го претставам Македонисимо на својот сопствен мајчин јазик после претставување негово на други 7-8 светски јазици.
На овој начин сите заедно можеме да се бо риме за сите оние преп реки кои се случуваат, па и на крајот да ги освестиме сите оние наши браќа на коишто можеби им треба поддршка и помош
Дека ние сме ова, културата е кодот, спортистите ја слават Македонија, свесни сме колку народ излезе од Македонија. Јас ги гледам по дијаспората.
Колку луѓе коишто навистина се многу успешни во најразлични професии ја носат Македонија во срцето, горди се не се плашат да го кажат тоа а живеат насекаде низ светот.
На многу лесен начин може оваа земја да живее како Сингапур. Само треба малку да се освестиме да се охрабриме да си дадеме ветер во грб самите на себе да си помогнеме и да го вратиме и она достоинство кошето нашите предци го имале.
Ние не ја измислуваме државата ниту од вчера ниту од денес, а за да работиме за подобро утре само на овој начин можеме тоа да го направиме, изјави Трпчески за Радио Слободна Европа.