Се раѓа ли „новата Германија“ за нашите иселеници: Државата со плата од 3000 евра се попривлечна

  • By admin
  • август 26, 2021
  • 0
  • 12904 Views

Според актуелните податоци, просечната плата во Осло во моментов е околу 3.000 евра (по оданочување), и е една од највисоките плати на ниво на европските престолнини.

Пред неколку децении, гастарбајтерите од регионот масовно одеа да живеат и работат во Германија, Австрија, Шведска… Тие практично веќе имаат и цели населби таму. Сепак, време е да посетите некои други земји – можеби дури и трајно.

Веќе некое време се зборува за Норвешка, како земја со голем потенцијал, во која можете „да се пронајдете и да заработите добро за живот“.

Млада жена од Хрватска, која релативно неодамна се пресели во Норвешка, секојдневно ги споделува своите искуства на Инстаграм. Обично комуницира со своите следачи преку кратки видеа, во кои објаснува каков е животот во таа земја, што е најнеобично за неа во однос на Балканот или како да се најде работа.

Таа вели дека во овој момент Норвежаните имаат хроничен недостаток од работници: од медицина, преку градежништво, до образование. Од моментот кога ќе добиете ID, можете да аплицирате во Бирото за вработување, кое се вика NAV.

Тие дополнително ви помагаат да најдете работа, а има и приватни агенции за вработување.

Можете исто така да испраќате отворени апликации, односно CV до компании што ви се допаѓаат. Треба да се има предвид дека на граѓаните на Хрватска им е потребна само лична карта, но на нашите граѓани, значи, оние од Македонија – им е потребна и работна дозвола за Норвешка.

Накратко, личната карта е личен норвешки матичен број кој ќе ви помогне да завршите многу работ, бидејќи факт е дека само мал процент од луѓето (2 до 3 проценти) – наоѓаат работа преку Интернет, додека се уште престојуваат во нивната земја.

Тоа се претежно експерти од индустрии како што е ИТ. Се разбира, кога барате работа, оние што знаат норвешки јазик секогаш имаат предност.

Според актуелните податоци, просечната плата во Осло во моментов е околу 3.000 евра (по оданочување), и е една од највисоките плати на ниво на европските престолнини.

Но, трошоците за живот се исто така високи: ако барате стан, погледнете ги опциите надвор од центарот, бидејќи недвижностите во центарот се на ниво од 1.000 евра и погоре.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *