Се врати насмевката кај малиот Никола од Велес, ДНК со нов голем потег

  • By klaster2
  • јуни 20, 2022
  • 0
  • 382 Views

Не поминаа 24 часа по објавувањето на сторијата на нашиот портал за малиот Никола Тасевски од Велес, за неговата ситуација и веднаш реагираа хуманите луѓе.

Да потсетиме Никола живее со својата мајка Александра која живеела исто таква судбина како што сега живее со синот Никола.

Одбегнувани и искористувани, често ноќите ги поминувале под мостовите, а и немале редовен оброк, и живеат во темница.

Тие се препуштени сами на себе, живеат без денар приход, без секојдневен оброк, без струја и основни човечки услови за живот.

Доста млада Александра преживеала не згода од која едвај останала жива, сето тоа ќе и се одрази на понатамошниот живот, а на 12 години ќе биде набркана од дома.

– Само преку ден можам да пишувам и да читам, но што се стемни морам да си легнам. Многу би сакал да јадам шпагети, не сум јадел пет- шест месеци, беа зборовите кој пого дуваа од малиот Никола.

– Би сакал да имам телефон и лаптоп, исто така сакам да возам велосипед а кога ќе пораснам сакам да станам фудбалер, додава ова храбро момче, а овие зборови ги слушна популарното музичко дуо ,,ДНК” кој веднаш го посети и му исполнија дел од желбите:

– Вчера излезе една сторија ( срце на дланка ) за Александра и малиот Никола од Велес која не допре па решивме да отидеме до кај нив, да се запознаеме лично и видиме како може да им помогнеме.

– Кога ја исконтактиравме Александра на телефон и запрашавме што им е најпотребно во моментов, целата скршена низ солзи со еден збор ни кажа дека и треба буквално СЕ.

– Кога стасавме кај нив не пречека како што доликува и низ раговор дознавме дека пред неколку месеци доживеала мозочен у дар од кој се уште се опоравува.

– Заради состојбата била отпуштена од работа и сега едвај врзува крај со крај. Им однесовме храна – намирници за наредните денови за кои како и секогаш ни помогнаа нашите долгогодишни пријатели од Жито Маркети кои несебично го прифаќаат секој наш повик за било каква помош.

– Купивме и фудбалска топка и копачки за Никола бидејќи мајка му ни кажа дека обожавал фудбал, па кога му ги дадовме толку многу се израдува што веднаш ги облече, ја зема топката и отиде да игра фудбал со другарчињата.

Упатуваме апел до сите добри и хумани луѓе да ја исконтактираат Александра (076 856 883) и да и помогнат на било каков начин, нормално секој со своите можности.

Во моментот најпотребно е да се плати струјата за која имаат долг од 30.000 денари и да се најде градежна фирма која ќе може да и го среди домот.

Упативаме апел и до градоначалникот на Велес да ја посети и помогне на госпоѓата Александра но и на социјалните служби да и доделат помош која реално треба да ја добие.

Сите кои сакате да ја исконтактирате Александра ќе може да го направите на следниов контакт 076 856 883. Ви благодариме од срце. Ваши Панчо и Андреј, стои во соопштението од ,,ДНК”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *