Светлана родила 10 синови и 5 ќерки: Таа и сопругот немаат милиони на сметка, но имаат најголемо богатство

  • By klaster3
  • март 21, 2022
  • 0
  • 405 Views

Во минатиот век скоро во сите семејства имало најмалку пет деца, што денес многу ретко е случај. Се мисли дека многудетните семејства се теш ки за издржување и  ретко кој пар се одлучува да има повеќе од две деца.

Меѓутоа, на ова семејство ништо не му недостасува иако е најголемо во општината. За 22 години заеднички живот овој пар од селото Роанда направиле 10 синови и 5 ќерки.

„Се омажив за Добрица на шеснаесет години од едно село кај Деспотовац, прво родив близнаци кои сега се големи и имаат свои деца, а ние засега имаме пет внуци. Најмалото дете го родив на возраст од 42.

Ги воспитувавме од мали да се држат заедно, а веќе на оваа возраст работат многу домашни работи, па знаат и да месат леб, да спремат ручек или вечера дури сме на нива.

Кога имаш големо семејство денот трае долго додека им подготвиш храна, капеш, облекуваш, но фала му на Бога сега се големи и си помагаат еден на друг“.

Со напорна работа успеваат да постигнат се, да си дозволат колку што можат и не се жалат.

Домаќинот на куќата, таткото Добрица, вели дека никогаш не му е доста од многуте деца. Тој верува дека добрата генетика можеби била пресудна за толку големо потомство.

И покрај се куќата секогаш им е средена и педантна, сопругата Светлана секогаш навреме го подготвува ручекот и ја средува куќата. „Успевам во се, за се има време и може да се постигне“ , додава Светлана.

Семејството живее и се храни од земјоделство, работат напорно , а на Добрица најмногу му помагаат децата. „Имам 5 хектари земја, работам на нива, сечам дрва, работам и по некој занает редовно.

Легнуваме кога ќе ги завршиме сите обврски, а тоа може да трае до доцна навечер, особено во лето. Имаме четири крави кои даваат млеко и поради нив ја обработуваме земјата, имаме и пченка за јадење“.

Го храниме добитокот, но нема многу пари во тоа за толку голема фамилија, имаме големи трошоци“.

Најголем дел од луѓето велат дека не се нормални со тоа што имаат толку многу деца. „Оние кои не познаваат гледам како реагираат, уште кога ќе ги погледнам знам што мислат за нас“, објаснува Добрица.

Се согласуваат дека е голема обврска да се одгледаат толку деца, но за Светлана тоа не е проблем и вели дека не погрешила што ги родила.

Ова вредно семејство не се жа ли на својот живот кој го организирале како што сами знаат и умеат и во кој секој од нив си го знае местото и работата.

„Имаме цел фудбалски клуб и за резерва“, се шегува Добрица.

Позната е една поговорка: „Не е богат оној кој има волови, туку оној кој има ќерки и синови“. Добрица и Светлана се многу побогати од оние кои заминале во туѓина на печалба. Тие своето богатство го создале во својот дом.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *