Сања: Дојде време да те исмејуваат ако не носиш брендирана гардероба, па со копии од 150 денари глумат елита

  • By admin
  • мај 10, 2021
  • 0
  • 1114 Views

Ретко се дрзнувам да зборувам за изгледот на другите луѓе, особено за облеката којашто ја носат. Како прво поради тоа што сите ние сме различни и секој има право да се носи како што сака, да се однесува според своите морални принципи и неретко гледаме ситуации во коишто поединци се осудувани поради нивното однесување или изглед.

Можеби порано луѓето живееле според поставени стандарди, се знаело на кого каде му е местото и како треба му доликува да се облекува. Сега веќе не е така, генерациите се стремат да се ослободат од стегите наметнати од стари времиња.

Денес секој се облекува како што сака, си ја бојадисува косатаво разни бои, се трошат пари на скапи парчиња облека затоа што тоа е модерно или така се пласира на социјалните мрежи, па дури ни родителите немаат влијание врз децата.

Ова интернетов ги испомеша вредностите. Секоја чест на младите коишто се воспитани да ги почитуваат другите луѓе, да се свесни за постоечките разлики, да знаат дека материјалното не е најважно во животот.

Сите други се опседнати со социјалните мрежи и на секој начин го копираат она што им се пласира таму – начин на живеење, стил на облекување, производи за нега, буквално сè.

Не знам, искрено се плашам за иднината на моите деца. Тие се толку кревки што лесно се прелажани од самопромивираните блогери, инфлуенсери, јутјубери кои за да заработат за живот всушност си промовираат работи кои не секој може да си ги дозволи.

Но, ете мора да се следат трендовите и од искуство скоро секој ден се среќавам со децата на една блиска пријателка кои како урнек за однесување и облекување ги имаат баш тие личности.

Дури се осмелуваат дома да бараат многу пари за да бидат “ин”, затоа што сите млади истото го имаат или прават.

Денес е важно да бидеш виден, да бидеш во голема група луѓе, да возиш убав автомобил, да се носи брендирана облека и според мене тоа се искривени вредности на кои децата неправилно се насочуваат.

Големите работи не секој може да си ги дозволи, јасно, отсекогаш имало разлики во богатството меѓу луѓето. Јас не можам да сфатам како голем дел од родителите не посветуваат доволно внимание на своите деца и на тоа што го гледаат на социјалните мрежи.

Знам дека и порано само оние коишто можеа навистина да си дозволат, купуваа брендирана облека којашто е далеку поскапа од таа што се продава тука.

Сите други си носевме она што имаме, дури и сме позајмувале од роднини за да се облечеме. Сега, тоа е за понижување, ќе те оговараат и исмејуваат, најпрво роднините, доколку позајмуваш.

Затоа ме нервира фактот што денес е важно само да покажеш дека на тебе носиш брендирана облека, а не е важно што носиш во срцето и дали си добар човек.

Важен е натписот на облеката, а дали е оригинал или не не е ни важно. Секојдневно гледам како на интернет луѓето споделуваат слики и глумат нешто што не се, глумат како имаат пари и можат да купуваат скапи работи.

Само некој што не е упатен ќе мисли дека навистина се купуваат модерни и скапи парчиња и ќе се разочара доколку не може да си купи. А всушност ситуацијата не е таква, баш напротив, сите тие парчиња што се носат се фалш и се купени од блиските пазари за некои 100 – 150 денари, но, за на интернет мора да се глуми некојси “џет-сет”.

Има млади коишто се палат само на натписи, да било Guess, Prada, Balenciaga, затоа што е тоа модерно. Не е најважно како си облечен, биди си свој, оригинален и дозволи зборувањето и умот да зборуваат за тебе наместо облеката

.

Мора малку повеќе да се посвети внимание на децата и тиенјџерите во однос на тоа прашање, да не дозволуваат да бидат манипулирани од интернетот и од погрешни содржини.

Автор: С.С. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакција на Галама.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.