Визер со убава најава за претстојнот лето за патниците од и до Македонија

  • By admin
  • мај 10, 2021
  • 0
  • 2443 Views

Визeр,најбрзо растечката авиокомпанија во Европа денес го најави летниот распоред за 2022 (април – септември 2022) од двата аеродроми Скопје и Охрид.

„Визер“ сега нуди голем број на ниско-буџетни рути до најатрактивните летни дестинации низ Европа.

„Wizz веќе гледа во светот после пандемија со најавување на рути за лето 2022. До 21 мај, само членовите на Wizz Discount Club ќе можат да резервираат карти за оваа сезона.

Патниците кои сакаат да почнат со планирање на нивните одмори за следното лето, можат да одберат од големиот број на достапни рути од Северна Македонија, вклучувајќи дестинации како Барселона, Ларнака, Тревизо или Малта.

Градските тури, уживање на убавите плажи или посета на фамилијата или пријателите, Wizz Air нуди летови по прифатливи цени на уште повеќе патници за време на овие предизвикувачки времиња, со нетрпение очекувајќи да се врати желбата за патување,“ велат од компанијата.

„Виз ер“ ја претстави новата ера на санитарни патувања, спроведувајќи строги хигиенски мерки за заштита на патниците и екипажот. ХЕПА филтрите на сите авиони на „Виз ер“ филтрираат 99,97% од вирусите и бактериите од воздухот, а пак членовите на екипажот и патниците треба да носат маски за време на летот.

Вентилацискиот систем со кој е опремен секој авион е дизајниран целосно да го променува воздухот во кабината 20 пати на час, со што постојано циркулира чист воздух.

„Виз ер“ ќе продолжи со својот строг распоред за целата оперативна флота, со што целиот авион е дезинфициран преку ноќ по сите правила и прописи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *