Познатиот бизнисмен Сефер Цаноски се огласи на својот профил на фејсбук каде што објави статус во кој што вели:
Моја суетна Македонијо. Не очекував дека ќе разгорам толку многу страсти со моите отворени и искрени размислувања. Но, на “патриотите” кои живеат во државава (од повеќе етникуми) би сакал да им порачам да пробаат да ја сакаат оваа наша држава Македонија како што ја сакам и јас.
Јас сум поголем Албанец од некои што се пишуваат албанци и ги почитувам повеќе од тие самите што се почитуваат.Затоа што мојата мајка е Албанка.
Сум поголем Турчин од некои што се пишуваат Турци и ги сакам и почитувам и имам добра причина за тоа. Затоа што мојата жена е Турчинка.
Сум поголем ТОРБЕШ од некои на кои најголем успех и придонес за истите им е што ставиле слика на Фејсбук што се. Затоа што мојот татко, мојот дедо и цела моја лоза сме биле и ке останеме Торбеши.
И да, се чувствувам дека сум поголем Македонец од многу македонци “патриоти ” поради мојот личен и институционален придонес со децении во нашево и за нашето мултиетничко општество.
Од Загреб па натаму во европа и светот, никој не се замара кој е и што е. Овде, во овој искрвавен дел од балканот со еден куп зл о, во јни и братопредавства, никако да пораснеме.
21 век и скоро четвртина дојде, нашите генерации треба да бидеме граѓани на светот и да имаме космополитни сваќања. Ако некој сака да ја види реалноста со поинакви очи, јас немам време за тоа.
Светот оди напред. Ние како општество – мултиетничко и специфично, богато со култури и различности, или ќе го искористиме тоа, ќе се држиме заедно и ќе гледаме напред, или ќе си патиме уште долго.
Јас сум реагирал и секогаш ќе реагирам кога ќе видам поделби, корист и злоупотреба на мојот народ. Велам мојот народ, мислам на сите кои живеат во нашава држава, а не во Будимпешта.
Овде има НАРОД кој е чесен и јас верувам дека еден ден ќе се свестиме и ќе тргнеме напред кон поквалитетни вредности и подобар живот.