Самохраната мајка Мирјана од Куманово: Одам по контејнери за да ги прехранам трите мали дечиња

  • By admin
  • јуни 7, 2021
  • 0
  • 4620 Views

Самохраната мајка  на три деца од Куманоцо, Мирјана Спасиќ од Куманово зема минимална социјална помош и не е способна за работа за да си ги прехрани дечињата. Таа често е принудена да позјмува од соседи или да брка во контејнери.

Мирјана која има 39 години уште на млади години ќе ја види су ровоста на животот, имала теш ко детство, немала услови да го дозаврши средното образование.

Затоа на 20 години таа одлучува да се пресели од село во град и среќата да си ја побара во градот создавајќи семејство.

– Потекнувам кумановско Никуљане, немавме добро услови, бевме сиромашно семејство, на 20 години се оженив. Најголемото дете е 13 а најмалото 9 години. Пред девет години видов дека бракот не оди одлучив да се разделам и од тогаш живеам под кирија.

Развдена и со две деца Мирјана живеејќи во ло ши услови ќе запознае личност со кој ќе мисли дека ке го проживее остатокот од животот заедно.

– Но тој откако дознал дека таа е во блажена состојба ја напуштил. Но таа била одлучна и решена на овој свет да го донесе малиот Василис.

– Решив дека ќе го родам детето, и покрај тоа што тој ме напушти, откако го родив Василис, останав во болница 21 ден, бев и на пси хијатрија неколку денови.

– Имам проблеми со нозите поточно колената, коските не ми се доволно цврсти и неможам  дури кафе да си сварам и некогаш едвај садовите ги мијам. Ми помага мајка ми и една комшика тие помагаат колку толку.

– Не сум се направила опер ација бидеќи треба да отидам на уште еден преглед но за тој преглед сеуште нема термин. Навечер неможам да заспијам веќе 13 години пијам таб лети за спиење, вели оваа самохрана мајка.

– Здраствените проблми не застануваат само со коленото и несоницата, истотака имам бо лки во жолчката треба и нејзе да ја опе рирам. Но прво морам да средам со нозите, за да можам да одам и да се грижам за децата.

– Зимам 7 илјад денари, но дава за кирија, па за сметки, и не ми останува ни денар, неможеме ниту да се прехранем, често собирам и по контејнерите. Сакам и да работам но не сум способна сега, вели оваа млада мајка пред камерите на ,,Срце на Дланка,,

– Се случува често да сме гладни, морам да одам по контејнери, киријата ми е 4 илјади денари а земам 7 илјади денари приход. Ми се има случена да ме избрка соптвеникот од станот, бидејќи навреме не платив.

-Тој период одев на кај една пријателка па додека собрав пари па тој тогаш ме врати назад и ми го даде клучот од станот. А може да се случи и да ме избрка доколку се одлучи да го продава.

Мајката на Мирјана како што вели и помага колку може но и таа жена во години и е изне моштена, зема минимална пензија, но не стига ниту да се прехранат. Го чувам најмалото внуче и го шета.

-Најголма желба ми е да имам соптвен кров над глава и да можам да застанам на свои нози и да се грижам за децата бидејќи неможам стабилно да стојам.

– Да можам да им обзбедам сигурен оброк и да ги истерам на правиот пат, и секако да си закажам преглед бидејќи не се издржува, заклучува оваа самохрана мајка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.