Росана со камбек – Дац и Александар се пофалија: Ја вративме

  • By klaster3
  • август 16, 2022
  • 0
  • 388 Views

Дуото Александар и Дац стануваат најпопуларно дуо од 2019та година кое веќе 3 години доминира на сцената со хитовите Уште ми фалиш,Љуби ме,Цреши охридски,Душа бакшиш и Коро на чао.

Александар и Дац неодамна на фестивал во Софија претставија дел од својот албум „Љубовен пасош“ на кој има многу популарни песни не само од Македонија, туку и од други балкански земји, меѓу кои Бугарија, Турција и Србија.

Дел од албумот е снимен во Бугарија заедно со познатите пејачи од квартетот „Дестени“ со кои познатото македонско дуо има творечки контакти. Меѓутоа, нивната песна „Коро на чао“, која стана многу популарна во Бугарија, предизвика вистински бум.

Како дел од нивната музичка работа од пред извесно време најавуваа преработка на песна заедно со позната македонска пејачка на народна музика Росана Сариќ Тодоровска.

Во почетокот Росана настапуваше со нејзината сестра Маријана, во дует познат како Маријана и Росана, но подоцна кога нејзината сестра се иселува во Австралија, таа продолжува соло. Сега направи камбек на музичката сцена.

„Ја вративме Росана на сцената. Низ годиниве постојано се договаравме да отпееме нешто заедно и конечно периодов Росана посака да ја испееме “Едно срце имам” со која Маријана и Росана се појавија на Фолк Фест Валандово 1988 година (музика: Тоде Новачевски / текст: Драган Мијалковски) .

Овојпат, песната во “ново руво” ја пее триото Росана, Александар и Дац. Оваа изведба ја посветуваме во чест на големиот автор Тоде Новачевски кој неодамна не напушти.

Нека ова музичко и видео парче ви донесе носталгија на некои убави времиња, да ви ја стопли душата и разнежни срцето.

Благодарност до сите кои ја помогнаа реализацијата на овој проект : Bravo Caffe / Рио кафе, Хотел Panoramika ,Tribeca Restaurant & Bar каде редовно настапуваме и нашата постојана видео екипа.

Во музичкиот дел посебна благодарност до Таше Грујовски, Мишел Трајковски, Боби Јоргушески, Александар Златески, Диме Танчев и продуцентот Бобан Василески.

Уживајте во оваа убава музичка разгледница и споделете ја со вашите пријатели. Ве сакаат Дац и Александар заедно со Росана“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.