Раперот Војаж го прекинал настапот поради девојка: Публиката остана воодушевена од неговата реакција

  • By klaster3
  • јуни 6, 2022
  • 0
  • 296 Views

Еден од најпопуларните рапери во регионот, Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, во последно време напорно работи и настапува, полнејќи ги клубовите до последното столче.

Сега тој се огласи на својот Инстаграм и зборуваше за ситуацијата која се случи на неговиот настап, кога девојка од публиката се онесвести ла.

Штом забележал што се случува, раперот реагирал и го прекинал настапот, па ја извлекол девојката и ја качил на сцената. Набрзо се појавило обезбедувањето кое го одвело девојчето за да и се пружи помош.

– Моментот кога го прекинав настапот и извлеков од публиката девојка која се онесвести. Луѓе, бидете внимателни, особено во големи гужви – напиша младиот пејач.

Да потсетиме, ова не е прв пат Војаж да се најде во центарот на вниманието поради не среќни ситуации. За него се пишуваше кога заедно со пријател спречија девојка да скокне од Бранковиот мост во Белград.

– Со Никола заедно возевме велосипеди на Бранковиот мост, одевме во градот. Ја видовме девојката како ја премина оградата.

Во моментот кога ни се чинеше дека сме доволно блиску, само скокнавме од велосипедите и ја фативме околу горниот дел од телото.

Помеѓу нас беше оградата на Бранковиот мост. Ја држевме цврсто на работ за да не биде фрлена – изјави тогаш Војаж.

– Разговаравме со неа, ја смиривме и и кажавме дека не е сама и дека низ што и да поминува, може да разговара со нас ако треба – изјави пејачот и додаде:

– Не сакам баш сега да откривам се, тоа е нејзин приватен живот, сега не е важно. Во следниот момент дојде уште еден човек, па сите тројца ја грабнавме и ја извлековме преку оградата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *