Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 5.780 тестирање, а регистрирани се 588 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 230, Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница – по 3, Ресен и Македонски Брод – по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 26 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 6, Гостивар – 4, Куманово, Битола и Берово – по 2, Кичево и Валандово – по 1.
Пријавени се 8 почи нати лица: по 2 лица од Тетово (66г и 72г) и Гостивар (67г и 72г), по едно лице од Скопје (65г), Прилеп (51г), Кичево (74г) и Велес (65г). Од нив само едно лице е почи нато во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.
Направени се 5.780 тестови преку: ИЈЗ-194, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-109, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–90, ЦЈЗ Куманово–89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–82, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Авицена-393, Биотек-169, Систина-84, лабораторија Лаор-702, Синлаб-50, Ремедика-18, Плодност–29, Генеа – 11, Никоб лаб-861, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.592.
Математичките пресметки на професорот Дејан Трајковски покажале дека во моментов едно инфицирано лице заразува тројца.
Предупредува дека со ваков раст на бројките за седум дена може да очекуваме и по 2000 заразени дневно. Наместо средината на септември, сега проценките на Трајковски се дека врвот на заразени ќе биде за максимум две недели.
„Со вакво високо забрзување за само една недела ние би можеле, доколку не се намали ова забрзување, да стигнеме до 1500-2000 нови случаи дневно.
Колку е повисок ефективниот репродукциски број, толку побргу бројките се искачуваат и толку побргу ќе биде достигнат врвот. Тоа е лоша вест затоа што може да направи при тисок врз болниците. При ваква висока преносливост веројатно пикот ќе го видиме со поголеми бројки уште порано, можеби околу 1 септември“, вели Трајковски за Канал 5 ТВ.
Каква ќе биде епидемиолошката крива во голема мера ќе зависи и од темпото на имунизирање. Граѓаните и денеска навалија по вакцина а четирите новоотворени пунктови колку-толку успеаја да ги намалат гужвите. Пред поликлиниката Букурешт, и младо и старо, чекаа во ред за да се боц нат.
Во Чаир, пак, дел од повозрасните кои имаа термин за втора доза негодуваа дека чекаат во ред со часови бидејќи приоритет им се дава на оние без термин.
Освен во постоечките, од денес вакцинирање се врши и во поликлиниките во Ѓорче Петров, Ченто, Бит Пазар и Драчево. Според извештајот на Министерството за здравство целосно имунизирани се 446.613 граѓани.