(ФОТО) Младата македонска фотографка покажа како изгледа по десетдневно известување од пожарите

  • By admin
  • август 11, 2021
  • 0
  • 1063 Views

За жал како што е познато од почетокот на месецов ширум државата има големи шумски пожари, особено во источна Македонија.

А се започна со оној во Кочани кој стигна и до самиот град, а продолжи во Малешевијата каде што пред два дена конечно беше локализиран.

Арбнора Мемети е млада фотографка која со својата работа веќе зад себе има оставено значаен траг во својтата професија.

Без сомнение, Мемети беше една од најактивните медиумски работници кој постојано известуваше од терен од пожарие кои изминатите 10 дена беа на територијата на Македонија.

Мемети уште за Илинден, при пожарот во Кочани, пристигна во градот без да насети дека во следните десетина дена истокот на државата ќе и стане работна „канцеларија“.

Мемети се огласи на својот профил на фејсбук каде сподели емотивен статус со сведоштво за тоа што поминала, поткрепено со фотографии кои најдобро отсликуваат.

Мемети во својата објава на фејсбук го вели следново:

-Десетдневно интензивно известување на релација Скопје-Пехчево-Делчево и обратно, од сите региони кои беа зафатени од пожарите. Ние, новата генерација сакаме да ја вратиме праксата на известување од терен и успеваме.

Не е лесно… Изг орени веѓи, ра ни во стапалата и рацете, малку спиење, честопати гладна и жедна.

Колку и да звучи лошо, има нешто поголемо што те тера да продолжиш. Чуството кога медиумот за кој работиш станува главен извор на точна и брза информација во во нредна ситуација е неопшливо. До следниот терен за “орање”…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *