Прасе од 400 килограми го одгледува како своја ќерка: Ја храни со шишенце и спијат во ист кревет

  • By klaster3
  • јули 14, 2022
  • 0
  • 424 Views

Додека најголем дел од децата и младите сакаат да чуваат милениче како маче, куче, папагал или слично, оваа млада девојка го докажува спротивното.

Имено, Бренда Родригез од градот Пергамино разви уникатно пријателство со нејзиното милениче прасе тешко 400 килограми. Вели дека маторицата Тата ја добила како подарок од пријател пред 4 години.

Прасето не само што и е најдобар пријател, туку и го смета за ќерка. Бренда ја отвори вратата од домот за порталот Рупли и го претстави необичниот член на семејството на целиот свет.

– Мој пријател ми ја подари Тата. Нема да дозволам некој да ја јаде. Ја сакам за себе и ја воспитувам како ќерка. Таа е внука на мајка ми, мајка ми е нејзината баба, таа е дел од семејството. Сите што ме познаваат знаат дека Тата постои – рекла таа.

Бренда толку многу се грижи за Тата што спијат во иста постела. Како што вели, животното сака да биде покриено, инаку не може да спие. Затоа го покрива и во лето и во зима.

Снимката ги прикажува Бренда и прасето Тата како уживаат во секојдневната заедничка прошетка. Бренда, исто така, може да се види како го храни своето милениче, го мие, храни, па дури и лежи и прави селфи!

„Таа сака да ја покриваат, инаку не може да спие, дали е зима или лето, треба да биде покриена. Воспитана е како јас да сум мајката.

Ја возев во кола, ја однесов на ветеринар, од мала ја шетав со јаже, но сега порасна, има сила на голема свиња и не се контролира“, додава Бренда.

Таа спомнала и дека Тата живее во својот двор од 50 квадратни метри и кога е потребно, со автомобилот на Бренда ја носат кај ветеринарот. Бренда е сигурна дека прасето Тата е нешто несекојдневно за неа и и го променила животот.

“Никогаш не размислував дека ќе одгледувам свиња, ми рекоа да не ми паѓало на памет да имам ни куче. Но никогаш не ни помислував деќа ќе имам прасе”, изјави Бренда.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *