По Грција уште една омилена држава за летување на Македонците ги отвора границите

  • By admin
  • април 8, 2021
  • 0
  • 4872 Views

Министерот за здравство вели дека 42% од населението примиле барем една доза на вакцина.

Малта овој месец постапно ќе ги ублажувa мерки воведени поради пандемијата со вирусот, изјави  малтешкиот премиер Роберт Абела, благодарение на вакцинацијата која напредува многу побрзо отколку кај другите земји од ЕУ.

Абела за новинарите изјавил дека училиштата ќе се отворат во понеделник, а владата ќе разгледа отворање на рестораните и останатите затворени бизниси до 26 април.Од 18 април повторно ќе се служат и миси во црквите.

„Рестрикциите ќе бидат ублажени постапно, но девата не можат повеќе да го губат искуството на образование во училница“, рекол Абела.

Училиштата и рестораните се затворени од почетокот на март по наглиот пораст на бројот на заразени поради британскиот сој на вирусот.

Дневниот број на нови случаи на 10 март изнесувал 510, а во последните две недели паднал на просечно 54 на ден. Досега поч инале околу 400 лица, од вкупно 500.000 жители.

Абела рекол дека малта планира да го отвори туристичкиот сектор на 1 јуни. „Ќе се промовираме како една од најсигурните туристички дестинации“, вели тој.

Министерот за здравство Крис Ферн вели дека 42 проценти од населението примиле барем една доза на вакцина. Според тоа, Малта е прва во ЕУ, следена од Унгарија со 24 проценти.

Малта користи вакцини Фајзер и БиоНТек, Модерна и АстраЗенека и купувала што е можно повеќе вакцини.

Малта ќе започне овој месец постепено да ги ублажува ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19, рече премиерот Роберт Абел во време кога земјата вакцинирала 42 проценти од населението против вирусот, што е највисока стапка во Европската унија.

Властите одлучиле да ја отворат земјата за сите меѓународни патници веќе на 1 јуни 2021 година.

Пред да влезат во земјата, патниците мора да покажат доказ за вакцинација, а оние кои го немаат, мораат да достават негативен резултат од ПЦР-тест не постар од 72 часа, објави магазинот „ТУ“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.