Полицајците не го сакаат, додека за возачите е јунак – Борис секојдневно е на улиците и си добива бакшиш за тоа што го работи

  • By klaster2
  • април 10, 2022
  • 0
  • 364 Views

Борис Бо Џексон, 17-годишник од Австралија, ја доби титулата локален херој бидејќи речиси секој ден стои покрај улица и ги предупредува возачите каде се поставени камерите за брзина.

Тој го прави тоа затоа што не му се допаѓа како ги кријат. Имено, камерите можат да се најдат скриени од поглед во подножјето на ридот.

Затоа Бо го поминува слободното време на 300 метри со огромен знак кој ги предупредува возачите дека може да паднат во зам ка.

Младиот човек пред новинарите истакна дека го осу дува брзото возење, дека во ниту еден случај не поддржува загро зување на безбедноста во сообраќајот, но и дека чувствува обврска да им помогне на граѓаните во конкретниот случај.

– Повеќето камери се необележани, ги ставаат во лоши агли. Немам проблем да ги санкционираат возачите кои возат пребрзо.

– Но на оваа делница удираат по џеб луѓе кои совесно забавуваат додека возат по удолница – рече тој и раскажа како неговите пријатели биле санкционирани со 120 австралиски долари (околу 5.000 денари) за незначително претерување.

– Овие возачи често возат само неколку километри на час повеќе од дозволената брзина – додаде Џексон, нагласувајќи дека чувствува дека е негова должност да и помага ба луѓето во овие, финансиски тешки времиња за многумина.

За приказната да биде уште подобра, неговата акција е поддржана од некои полицајци, кои му се благодарни бидејќи тој всушност со своите постапки

Им ги спасува животите на возачите. Имено, бидејќи поради тоа забавуваат, така и сериозноста од тешки соо браќајни не среќи е помала.

Патем, тоа што го прави е сосема легално, а возачите често симболично го наградуваат со чоколадо или сок (еднаш добил банкнота од 20 долари).

Бо почнал да ги предупредува возачите пред шест недели, а покрај патот поминува и до пет часа. Работи во радиус од 50 километри, а покрај него поминуваат и до 1.200 возила на час.

Во Австралија пребрзото возење може да го мерат и независни оператори, а еден од нив, кој го повикал младото момче во полиција, на крајот бил санкциониран поради неправилно паркирано возило.

– Кога станува збор за зони каде што се наоѓаат училиштата или за целосно рамни делови, јас не се мешам – заклучи Борис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *