Како што е познато пред неколку дена по третпат во Македонија беше извршена трансплантација на срце.
Тогаш Венко Филипче се огласи на фејсбук информираше дека:
Почна да чука новото срце во градите на 39 годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа, а следните 48 часа се кри тични. На пациентката и посакувам побрзо опоравување.
Освен тоа тој кажа дека и двајцат пациенти добили бубрези:
-Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези се чувствуваат добро. Трансплантацијата беше извршена кај 44 годишен маж кој беше на хемодијализа и кај 30 годишна жена која беше на перитонеална дијализа.
Во процесот на трансплантација на бубрези учествуваа моите колеги од Клиника за нефрологија проф. д-р Гоце Спасовски, д-р Лада Трајческа, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Зоран Јаневски, д-р Владимир Пушевски и медицинските сестри Виолета Танчевска и Даниела Урдаревиќ.Од Клиниката за урологија д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев.
д-р Александар Трифуновски, д-р Димитар Трајковски, д-р Виктор Станков и д-р Александар Јосифов, заедно со тимот инструментари, болничари, транспортери и медицински сестри од Центарот за трансплатација на бубрези. Анестезијата ја водеа д-р Александра Петрушева, д-р Александра Гавриловска и д-р Билјана Андоновска.
Во процесот учествуваа и од Институт за трансфузиона медицина проф. д-р Кочо Димитровски, биолози Персида Кадиева и Симона Караџовска.
Пациентката која ги донираше органите, со мозочна см рт ја дијагностицираа д-р Весна Дурнев, д-р Билјана Андоновска, д-р Маја Мојсова Мијовска – национален координатор за трансплантација, во соработка со д-р Менка Лазарева од Рентген институтот и д-р Жан Зимбаков и д-р Елена Груева од Клиниката за кардиологија.
Досега не беше познато името и презимето на донорот и на оној што го прими што не беше случај со претходните два случаи.
Сепак пред неколку моменти Венко Филипче го откри името и презимето на новиот херој:
Утрово се сретнав со семејството на 40 годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи.
Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема бо лка, одлучи да ги донира нејзините органи.
Јасмина беше мајка на 10 месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест,никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне.